Димова тврди дека Заев барал да ја повлече пријавата за проневера на 2,2 милиони евра европски пари што таа ја поднела

March 29, 2024
1 min read

Поранешниот премиер Зоран Заев во присуство на Нола Исмајлоска од мене барал д аја повлечам кривичната пријава за проневера на 2,2 милиони европски пари што јас ја открив, изјави денеска поранешната директорка на Националната агенција за образовни програми и мобилност, Лидија Димова. Во изјава за „Фокус“ таа рече дека пријавата ја поднела во 2019 година до тогашниот државен јавен обвинител Љубомир Јовески, а следната година дошло до барањето да ја повлече кривичната пријава. Димова тврди дека проневерата што таа ја открила нема врска со судскиот случај во кој таа е обвинета за злоупотреба на околу 320.000 евра европски пари додека раководела со Агенцијата. Таа додава дека барањето на ЕК да се вратат 2,2 милиони евра дошло по истрагата за овој случај водена од Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ). Димова вели дека кога ја открила измамата ја запрела и исплатата на парите.

-Она што ОЛАФ го бара е 2,2 милиони евра од проневерата што ја открив јас, а не наводни средства за кои ме товари обвинителството мене. Во април 2020 година, од Владата ми беше доставен „поздрав“ со листа на проекти што требаше да ги “пуштам“. Во јуни 2020 година, тогашниот премиер Зоран Заев – во присуство на Нола Исмајлоска – од мене побара да ја повлечам кривичната пријава. Во октомври бев разрешена поради „неетичко однесување“ (прашајте го Љупчо Николовски што значи тоа), а во јули 2021 година Нола беше именувана за регионален координатор за ЕУ, се разбира, откако гласаше за промена на името на државата. Во следните неколку месеци новиот директор на Националната агенција, Марко Ѓоргиевски, ги доисплати сите спорни проекти од шемата вредна 2,2 милиони евра, вели Димова за „Фокус“.

Вчера актуелниот директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Марко Ѓоргиевски, соопшти дека Агенцијата во текот на месецов добила известување дека треба да изврши поврат на 2,2 милиони евра злоупотребени преку програмата „Еразмус плус“ од 2016 до 2018 година. Ѓоргиевски изјави дека во известувањето биле информирани дека постојат одредени наоди за неправилности во врска со проектни досиеја на 22 корисници на грант од програмата „Еразмус плус“ финансирани од Европската комисија.

Димова тврди дека Јавното обвинителство во предметот против неа не видело поврзаност меѓу нејзиниот случај и случајот со 2,2 милиони евра и дека ОЛАФ тврди дека таа не направила злоупотреби.

Во врска со нејзините тврдења, од неделникот го контактирале поранешниот премиер и екслидер на СДСМ, Зоран Заев, но тој не одговорил на нивното прашање. Од друга страна, националната координаторка за регионална соработка и европски интеграции, Нола Исмајлоска-Старова, на прашањата од неделникот дали се точни тврдењата  на Димова изјавила дека станува збор за целосна невистина.

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Oбележани сме бидејќи им пружаме секаков вид помош на угнетените“

Следно

Израел призна дека нема да може да го уништи Хамас без САД

Latest from Blog

Општина Битола: „Чкембари“ слават 41 година – подготвен спектакл за „осмиот играч“

Општина Битола и РК „Еурофарм Пелистер“ подготвуваат посебна фан-зона „Осмиот играч“ по повод 41 година од постоењето на навивачката група „Чкембари“. Фан-зоната ќе биде отворена во среда од 18:00 часот на платото

Најмалку десет непалски водичи исчезнаа во лавина на Хималаите

Алпинистите го подготвуваа теренот за претстојната експедиција, јавува Би-Би-Си. Според информациите од организаторите на искачувањето, станува збор за локални водичи кои биле на почетната точка во близина на врвот Химлунг Химал, во

Манчини пресече: Десетмина фудбалери не патуваат со Италија во Турција

Роберто Манчини реши веднаш да реагира по разочарувачкиот старт на Италија во новото издание на Лигата на нации. Италијанскиот селектор направи голем „рез“ во составот и дури десет фудбалери нема да патуваат

Кина одржува поморски и воздушни воени вежби околу спорниот гребен во Јужното кинеско море

Вежбата се одржа во водите и воздушниот простор околу гребенот Скарборо, кој Кина го нарекува Хуангјан Дао. Тој е побаруван и од Филипините, каде што е познат како Бахо де Масинлок. Кинеската
Go toTop