Screenshot

Димитровски: Чесно и пред Советот на честа – спорниот текст на ТВ ТЕРА отстапува од Кодексот на новинари

June 8, 2026
1 min read

Борче Димитровски, секретар на Општина Битола, напиша на социјалните мрежи дека Советот на честа при Здружението на новинари на Македонија утврдил елементи на отстапување од Кодексот на новинарите во текстот на ТВ ТЕРА со наслов „Исти луѓе, иста адреса, една фамилија – кој управува со Битола?“.

Текстот во целост:

ЧЕСНО И ПРЕД СОВЕТОТ НА ЧЕСТА: ТЕКСТОТ НА ТВ ТЕРА „ИСТИ ЛУЃЕ, ИСТА АДРЕСА, ЕДНА ФАМИЛИЈА – КОЈ УПРАВУВА СО БИТОЛА?“, ОТСТАПУВА ОД КОДЕКСОТ НА НОВИНАРИ

„КУД Илинден“, „Трчај бе“ и АК „Олимп“, продолжуваат да функционираат како здруженија со долгогодишно постоење и значаен придонес во развојот на културниот, спортскиот и социјалниот живот во Битола, независно од мојата функција како Секретар на општина Битола, кој во моментот нема никаква поврзаност со нивното делување.
Уште една водечка национална организација, која ги обединува новинарите во Македонија за заштита на слободата на говорот, независноста на медиумите, преку залагање за почитување на највисоките европски стандарди за работа на медиумите и на новинарите, донесе заклучок со кој потврди дека во случајот поврзан со објавата на ТВ ТЕРА „Исти луѓе, иста адреса, една фамилија – кој управува со Битола? постојат елементи што упатуваат на можни отстапувања од одредени одредби на Кодексот на новинарите на Македонија.
Со ова, мојата заложба за објективност, стручност и професионалност, повторно е потврдена со нов заклучок од надлежните тела. Одговорите на претставките кои ги поднесов за објавата „Исти луѓе, иста адреса, една фамилија – кој управува со Битола?, не значат само одбрана на мојот личен интегритет и интегритетот на моето семејство, туку даваат насока, дека секој од нас, секој граѓанин, работните обврски мора да ги извршува доследно и посветено, подготвен да се соочи со критика, но само кога таа е заснована на факти.
Јавните личности и административните службеници имаат обврска да работат професионално и законски. Медиумите имаат обврска да обезбедат точно, проверено и професионално известување, со јасно наведување на извори, разграничување меѓу факти и коментари и обезбедување можност за став на засегнатите страни, укажува Советот на честа при Здружението на новинари на Македонија.
Иако, објавениот текст е без автор, сепак Советот на честа, ги разгледа отстапувањата од кодексот на новинари и ги образложи во заклучокот објавен на овој линк https://znm.org.mk/wp-content/uploads/2026/06/2.-ЗАКЛУЧОК-БорчеДимитровски_ТВТера.pdf. Дополнително, дадена ми е насока да се обратам до Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите на Македонија, од каде неодамна потврдија дека мојата жалба е основана https://complaints.semm.mk/odluki/.
Двата документи од Совет на честа и Совет за етика во медиумите, се во насока на јакнење на довербата на граѓаните во институциите, носителите на одлуки, но и кон медиумите како важен субјект во креирањето на јавното мислење.

.

.

 

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонската берза го заврши денот со минимален пад на МБИ10

Следно

Изборните реформи влегуваат во завршна фаза

Latest from Blog

ЛШ и ЛК: ЕТО Ѓер веќе ги чека Вардар или Рига, Ц. Звезда убедлива во С.Ирска, Динамо Загреб со реми кај Тун!

ФОТО:.facebook.com/etofcgyor/ Вечерва се одиграа неколку натпревари, први од 2.квалификациско коло во Лигата на Шампионите и Лигата на Конференции. Познато е дека во случај Вардар да ја мине Рига, тогаш во третата квалификациска

Се обиделе да спасат човек да не се удави, па се удавиле петмина- трагедија во Охајо (ВИДЕО)

Според канцеларијата на шерифот на округот Делавер, трагедијата се случила во неделата навечер на реката Скиото, во близина на резервоарот О’Шогнеси, околу 16 километри северозападно од Колумбус, главниот и најголем град во

Орце Ѓорѓиевски со екипите на градските јавни претпријатија на град СКОПЈЕ се на терен, ќе работат цела ноќ по невремето (VIDEO)

По силното невреме што денеска го зафати Скопје со бурни налети на ветер, екипите на градските јавни претпријатија веднаш излегоа на терен за отстранување на последиците, информира градоначалникот на Град Скопје, Орце

Во израелски напад на семејна куќа во Газа загинаа родителите и нивните четири деца

Според лекарите, Фирас Ал-Масри, неговата сопруга Салсабил и нивните три ќерки и син се убиени во нападот врз куќата во населбата Сабра. Израелската војска потврди дека го извршила нападот, наведувајќи дека целта
Go toTop