Димитров во Аргумент плус: Во 2025 година премиерот кажува дека младите треба да имаат повеќе деца а владата не може да ја зголеми минималната плата

June 10, 2025
1 min read

Славчо Димитров од коалиција Маргини во Аргумент плус рече дека темата на Скопје прајд викенд годинава е „Југоквир“.

Според него, идејата е да се истражи и претстави како се појавува квир движењето во поранешна Југославија.

„Скопје прајд викенд е фестивал за квир уметност кој се случува по 13 пат. Тоа  е феситвал кој адресира прашања кои ги засегаат ЛГБТ луѓето. Главен фокус се визуелни уметности но ставаме акцент и на перформанс, уметност и современ танц. Досега низ овие 12 години но и годинава низ Скопје имаат поминато многу уметници кои доаѓаат од овие уметности.Тоа недостасува на уметничката сцена. Оваа година е ‘Југоквир’ темата на фестивалот. Идејата е да ги истажиме и претставиме како се појавува квир движењето на поранешна Југославија“, рече Димитров. 

Тој рече и дека поразително е во 2025 година премиер на држава да изјавува дека малдите треба да имаат повеќе деца, а да не може да ја зголеми минималната плата за основни потреби за живот. 

„Ние во 2025 година сме во ситуација каде премиерот кажува дека младите треба да имаат многудетни семејства а притоа владата не може да ја зголеми минималната  плата но важно е да играат на сентименти  дека имаат јасни родови улоги а притоа немаат како да се прихранат и да обезбедат нормален живот“, додаде Димитров.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Брук Лопез заминува од Милвоки Бакс

Следно

Трамп испрати маринци во Лос Анџелес

Latest from Blog

Стабилизирани цените на горивата: Владата спречи ценовен шок и ги заштити граѓаните и економијата

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека со одлукaта на Владата и постапувањето на надлежните институции, се потврди клучната цел – спречено е поскапување на горивата и постигната

Комерцијална банка и Алкалоид најтргувани на денешната сесија – МБИ10 со благ пад од 0,07%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 23 март 2026 година, индексот МБИ10 забележа пад од 0,07% и заврши на 9.949,44

Намален ДДВ, стабилни цени – Владата го ублажи ударот врз граѓаните

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека со одлукaта на Владата и постапувањето на надлежните институции, се потврди клучната цел – спречено е поскапување на горивата и постигната
Go toTop