Димитријевиќ: Целта беше да одиме на ЕП, немавме среќа, но и системот на ФИБА не е фер

March 7, 2025
1 min read

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ, па во своето интервју зборуваше за своите почетоци и развојот на неговата кариера, а, секако, она што нас најмногу нѐ интересира е македонската репрезентација, која и по 10 години останува без пласман на Европско првенство.

„Нашата цел беше да се избориме за пласман на Европското првенство, но, за жал, не успеавме. Немавме доволно среќа, не ни се поклопија коцките. Да не фатеа грчеви против Естонија, можеби сè ќе беше поинаку бидејќи покажавме на гостувањето кај Полска, каде што игравме фантастично, дека можеме да се носиме со сите. Потоа се случија повреди на странските кошаркари, Хап и Вајли, кои имаат македонски пасош, па ни се приклучи Ти Џеј Шортс, кој е фантастичен кошаркар, но мислам дека сепак, центарската позиција повеќе ни недостасуваше. Дадовме сè од себе, но не успеавме да се пласираме на Европското првенство, исто како и Хрватска, што ме изненади бидејќи имате многу талентирани кошаркари. Повторно се покажа дека поранешна Југославија е кошаркарска, но ете, и ние и Хрватска немавме среќа бидејќи се најдовме во група со некој од домаќините, а таквиот систем на ФИБА, според мене, и не е баш фер“, вели Димитријевиќ.

Македонската кошаркарска репрезентација од втори до 20 август ќе учествува во претквалификациите за Светското првенство.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Боцевски: Да почекавме малку, ќе влезевме во НАТО со Финска и со Шведска со многу подобар договор од Преспанскиот

Следно

Седница на собраниската Законодавно-правна комисија

Latest from Blog

Аксиос: Турција, Египет и Пакистан посредуваат меѓу САД и Иран за смирување на конфликтот

Високи претставници на трите земји одржаа одделни разговори со претставникот на Белата куќа, Стив Виткоф, и шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, наведе извор пренесен од американскиот портал. „Медијацијата е во тек

Повторно ќе сведочи ,,клучниот” сведок за грабнувањето на внукот на Љубе Бошкоски, Самоил

Поминаа три години од денот кога му се изгуби секаква трага на Самоил Костадиновски, кој е внук од брат на сопругата на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски. Тој бил киднапиран,
Go toTop