Димитриеска-Кочоска: Владата инвестира во проекти што носат долгорочни резултати

June 26, 2026
2 mins read

26 јуни 2026 година, Скопје– Ребалансот на Буџетот за 2026 година е насочен кон обезбедување средства за реализација на капитални инвестиции, исполнување на обврските преземени со колективните договори и поддршка на развојните политики кои директно влијаат врз квалитетот на живот на граѓаните, кажа министерката за финансии во подкастот „Каде се парите“.

Говорејќи за зголемувањето на расходите со ребалансот, министерката посочи дека Министерството за финансии мора да води сметка не само за бројките, туку и за реалните потреби на граѓаните и институциите.

„Министерот за финансии има најтешка улога, затоа што ако сакаме да ги гледаме работите само од аспект на тоа каков треба да биде буџетскиот дефицит, ќе кажеме – да, министерот се држи цврсто до бројката, но на другата страна имаме живот и реалност“, рече Димитриеска-Кочоска.

Во однос на капиталните инвестиции, министерката истакна дека тие не смеат да се гледаат исклучиво како трошок, туку како вложување во идниот развој на државата и подобрување на условите за живот на граѓаните..

Таа посочи дека капиталните инвестиции имаат директен придонес за економскиот раст, но и долгорочни ефекти врз развојот и животниот стандард.

„Капиталните инвестиции директно влијаат на бруто-домашниот производ, а по нивната реализација директно и индиректно влијаат врз економијата и подобрувањето на квалитетот на живот“, истакна Димитриеска-Кочоска и додаде дека одлуката за зголемување на капиталните расходи е резултат на подобрената реализација на проектите и зголемената подготвеност на институциите да ги спроведуваат планираните активности.

„Ние констатиравме дека во последните неколку месеци одредени министри се фокусирани и посветени на работата и како резултат на тоа кажавме – во ред, нека имаме поголема реализација“, рече министерката.

Во делот на приходите, таа нагласи дека наплатата на даноците се движи согласно очекувањата и дека досегашните показатели не упатуваат на значителни отстапувања од проекциите.

„Растот на приходите од ДДВ и останатите даноци е над нивото потребно за исполнување на годишните проекции. Податоците покажуваат дека приходите се движат во согласност со планот и нема основа за тврдења дека Буџетот се соочува со проблеми во наплатата: Јас не можам да кажам дека има некакви отстапувања. Математиките до сега покажуваат дека даноците ќе се собираат“, истакна Димитриеска-Кочоска.

Осврнувајќи се на буџетскиот дефицит, министерката нагласи дека дефицитот не треба да се анализира преку апсолутни бројки, туку преку неговото учество во бруто-домашниот производ, бидејќи само така може да се направи реална споредба меѓу различни години и економски услови.

„Процентите постојат токму заради тоа, да бидат споредливи. Не можеме да споредуваме нешто што не е споредливо“, истакна Димитриеска-Кочоска и потсети дека државата во 2020 година се соочи со буџетски дефицит од 8 проценти од БДП и посочи дека процесот на фискална консолидација е отежнат поради наследените предизвици и обврски.

Во однос на јавниот долг, министерката истакна дека Министерството за финансии води внимателна политика на управување со јавните финансии и дека довербата на меѓународните финансиски пазари е потврдена преку успешното издавање на еврообврзницата со историски најниска маргина.

„И заради тоа, кога ја издававме еврообврзницата, имавме најниска маргина досега, историски гледано“, рече таа.

Министерката нагласи дека фискалната политика останува насочена кон одржување на стабилноста, но и кон обезбедување средства за развојни проекти кои ќе дадат долгорочни резултати за економијата..

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Очекувано реми на Парагвај и Австралија, Турција си замина дома со победа над домаќинот (ВИДЕО)

Следно

Проданоски: Прилеп горд на своите ученици – тие се амбасадори на знаењето

Latest from Blog

МЕПСО реконструира осум трафостаници: На ред е и ТС Скопје 4 во Пинтија

МЕПСО започнува со целосна реконструкција и енергетска модернизација на осум трафостаници, меѓу кои и ТС Скопје 4 во Пинтија. Како што информираат од компанијата, по пет децении од изградбата на командната зграда

Седум американски сојузни држави поднесоа тужба против администрацијата на претседателот Доналд Трамп

Во тој „пакет“ беа вклучени околу 810 милиони долари што Белата куќа се обиде да ги укине пред крајот на фискалната година. Минатата недела, Трамп се обиде еднострано да ги задржи средствата

Михаил Пановски до Левица: „Божиновска не одлучува за цената на струјата и не управува со ЕСМ“

Поранешниот пратеник Михаил Пановски реагираше на денешната прес-конференција на Левица, на која партијата ја критикуваше министерката за енергетика Сања Божиновска. Според Пановски, дел од критиките се однесуваат на прашања што не се
Go toTop