Димитриеска-Кочоска од Словачка: Дигиталните алатки се клучни за модерни финансии и помала сива економија

May 7, 2026
1 min read

Дигитализацијата на даночните процеси, унапредувањето на управувањето со јавните финансии, анализата на јавните трошоци и продлабочувањето на економската соработка беа теми на разговор на работниот состанок меѓу делегациите на Македонија и Словачка, предводени од министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и министерот за финансии Ладислав Каменицки, што се одржа денеска во рамки на официјалната посета на министерката на Словачка.

На работната средба на двете делегации се разговараше за тековните макроекономски и фискални состојби, анализата на јавните трошоци и управувањето и евалуацијата на јавните инвестиции, како и за дигиталните алатки во даночниот систем, меѓу кои е-фактура, е-фискализацијата и QR плаќањата.

„Дозволете ми најнапред да изразам задоволство од денешната средба со мојот колега, министерот за финансии на Словачка, Ладислав Каменицки, како и благодарност за укажаното гостопримство и конструктивниот пристап во разговорите, што претставува уште една потврда за континуираниот и квалитетен дијалог меѓу двете земји и за нашата заедничка посветеност кон продлабочување на економската соработка“, изјави министерката Димитриеска-Кочоска на заедничката прес-конференција.

Таа посочи дека искуствата на Словачка во делот на дигитализацијата на даночните процеси претставуваат значаен пример за тоа како преку технологија може да се зголеми ефикасноста, транспарентноста и борбата против сивата економија и даночното затајување.

Како дел од разговорите беше отворенна и темата за процесот на Анализа на трошоците (Spending Review), кој согласно Реформската агенда 2024–2027 во Македонија ќе започне во текот на 2026 година и претставува важен чекор кон поефикасно и потранспарентно управување со јавните финансии.

„Македонија веќе е во фаза на воведување на системот за е-фактура, при што до крајот на годината очекуваме негова целосна имплементација“, истакна министерката.

Министерката Димитриеска-Кочоска се осврна и на економските движења во земјата, посочувајќи дека македонската економија во 2025 година оствари раст од 3,5%, поттикнат пред сè од инвестициите и домашната побарувачка, со значителен придонес од инфраструктурните проекти и приватниот сектор. Во однос на економските очекувања за 2026 година, таа посочи дека Владата останува внимателна во услови на глобална неизвесност, но дека проекцијата за раст се темели на инвестициите, структурните реформи и поддршката на приватниот сектор.

„ Нашиот фокус останува јасен – стабилни јавни финансии, поддршка на инвестициите, дигитализација на услугите, борба против сивата економија и подобрување на деловното окружување“, нагласи министерката.

Таа додаде дека искуствата на Словачка како земја членка на Европската Унија се од особено значење за Македонија, особено во делот на управувањето со јавните финансии и спроведувањето на реформите поврзани со европската интеграција.

Министерот Каменицки ја истакна подготвеноста на Словачка за размена на искуства и експертиза во областа на јавните финансии, дигитализацијата и реформските процеси, со цел поддршка на економскиот развој и европската интеграција на Македонија.

Министерката изрази уверување дека соработката меѓу двете земји ќе продолжи да се продлабочува и во наредниот период преку конкретни иницијативи, размена на експертиза и заеднички активности што ќе придонесат за економски развој и подобри услови за граѓаните и бизнисите во двете земји.

Извор: zurnal.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Димитриеска-Кочоска од Братислава: Дигитализацијата е клучна за поефикасни јавни финансии

Следно

Sali: S’na trembin zgjedhjet – propaganda për gjuhën shqipe është bosh

Latest from Blog

Уставниот суд: Упатуваме остри критики кон обидите за груба партизација и политизација

Уставниот суд упатува остри критики кон, како што велат, обидите за груба партизација и политизација која деновиве одредени политички партии се обидуваат да ја наметнат со цел да ја зголемат сопствената визибилност

ВЛЕН: ДУИ протестира за своите привилегии, а не за интересите на Тетово

Политичката партија ВЛЕН реагираше по вчерашниот протест на ДУИ во Тетово, оценувајќи дека станува збор за политички собир организиран поради, како што велат, „изгубените привилегии“, а не во интерес на граѓаните. Од

И Здравје и Работа: Наместо најгласните, државата треба да го слуша најстручниот глас за „Иловица Штука“

Во последните години сведоци сме дека секоја јавна расправа за рударството, а особено за проектот „Иловица – Штука“, сè почесто се претвора во натпревар кој погласно ќе зборува, наместо кој ќе понуди

Швајцарскиот селектор бесен на судијата: Ваквите одлуки му штетат на фудбалот

Швајцарската фудбалска репрезентација беше запрена во четвртфиналето на Светското првенство по драматичниот пораз од Аргентина со 3:1 по продолженијата. Сепак, натпреварот беше обележан со контроверзна судиска одлука, за која тренерот Мурат Јакин
Go toTop