Screenshot

Димитриеска-Кочоска: Нов Регионален центар за ЈИЕ – ММФ ја засилува поддршката за реформи и економска стабилност во регионот

April 16, 2026
1 min read

16 април 2025 година, Вашингтон-  Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во рамки на пролетните средби на ММФ и Светска банка во Вашингтон, учествуваше на тркалезна маса на која беше претставена петгодишна програма за развој на капацитетите на нов Регионалниот центар за техничка помош на Меѓународниот монетарен фонд за Југоисточна Европа (SEETAC).
Центарот, чие започнување со работа е предвидено најдоцна до јануари 2027 година, ќе биде дел од глобалната мрежа на ММФ за развој на капацитети и ќе обезбедува поддршка за шесте земји од Западен Балкан и Молдавија во зајакнување на институциите, креирање политики и спроведување реформи во согласност со европските стандарди.

Министерката Димитриеска-Кочоска на состанокот истакна дека воспоставувањето на SEETAC претставува значаен чекор за продлабочување на соработката со ММФ за унапредување на економското управување во регионот.

„Како земја даваме јасна и силна поддршка за формирањето на овој регионален центар, кој ќе биде важен инструмент за забрзување на реформите и зајакнување на институциите. Преку SEETAC ќе се обезбеди пристап до врвна експертиза и практична техничка помош, што директно ќе придонесе за поефикасни политики, стабилни јавни финансии и поголема економска отпорност. Ова е значајна инвестиција во капацитетите на регионот и во нашата европска перспектива“, посочи министерката.
Во рамки на дискусијата беше нагласена потребата од понатамошно зајакнување на институционалните капацитети, унапредување на управувањето со јавните финансии, како предуслов за одржлив економски раст и побрза интеграција во Европската Унија.
Овој ангажман е силен и во континуиран раст, особено во контекст на реформите поврзани со пристапувањето во Европската Унија.

 

Во рамки на првата фаза од работењето, SEETAC ќе се фокусира на зголемување на фискалниот простор, подобрување на прибирањето приходи, зголемување на ефикасноста на јавната потрошувачка, зајакнување на монетарните и финансиските политики, како и унапредување на статистиката и аналитичките капацитети.

Центарот ќе обезбедува континуирана поддршка преку резидентни советници,  експерти, обуки, работилници и регионални иницијативи, со цел поефикасна имплементација на реформите и засилена регионална соработка.
На состанокот беше истакната и важноста од партнерството меѓу земјите членки, ММФ и донаторите, при што беше посочено дека вкупниот буџет за првите пет години изнесува 70,4 милиони долари.
Во рамки на Пролетните средби, министерката за финансииучествуваше на состанокот на Холандската конституенца, во чии рамки членува нашата земја, заедно со уште 15 земји – Кнежевството Андора, Ерменија, Белгија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Република Хрватска, Кипар, Грузија, Израел, Луксембург, Република Молдавија, Црна Гора,  Романија, Холандија и Украина.

На состанокот стана збор за предизвиците со кои се соочува светската економија, геополитичките тензии и зголемената неизвесност. Беше истакнато влијанието од конфликтот во Украина, како и воените операции на Блискиот Исток,  особено преку директното влијание врз цените на нафтата и гасот и преку нарушување на важните трговски рути, како и за мерките и политиките за справување со влијанието.

Димитриеска-Кочоска во Вашинтон оствари средби и со претставници на повеќе меѓународни финансиски институции и корпорации.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

LSDM: Polonia kërkoi menjëherë ekstradim, ndërsa qeveria e Mickoskit po pret dhe po i hap rrugën Gruevskit për t’u arratisur

Следно

Хоџа: Ги зајакнуваме капацитетите за максимално користење на ЕУ фондовите

Latest from Blog

ОКУЛТЕН РИТУАЛ ИЛИ НЕСРЕЌЕН СЛУЧАЈ? Мистериозната смрт на 35-годишен Британец во Сицилија ги крена сите на нозе

Британски државјанин е пронајден мртов во изолирана заедница на „хипици“ во Сицилија, а се шпекулира дека можеби учествувал во „езотерични ритуали“, пишува британски „Телеграф“. Италијанската полиција ја истражува смртта на Бенџамин Џон

Продадени се 5.000 влезници, селекторот ги повика навивачите да ја поддржат репрезентацијата

Фудбалската репрезентација на Македонија со меч против Швајцарија, идната сабота во Скопје, го започнува настапот во дивизијата „Б“ на Лигата на нации. Билетите веќе се во продажба по цени кои се движат

Мечка се обиде да влезе во просторија во која беа руски биатлонки!(ВИДЕО)

Невообичаена ситуација во Сочи – мечка се обиде да влезе во просторијата каде што се подготвуваат руските биатлонки. Руската шампионка Ина Терешченко објави видео од средбата на социјалните мрежи. На него се

Коњановски: Битола со Европската недела на мобилност чекори кон град пристапен за сите

Во рамките на Европската недела на мобилност, денеска граѓани од различни возрасни групи и лица со попреченост ја истражуваа Битола за да видат колку нашиот град е пристапен, безбеден и прилагоден за
Go toTop