Димитриеска-Кочоска на Истанбулскиот економски самит 2025

December 11, 2025
1 min read

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска и утре ќе учествува на Истанбулскиот економски самит 2025. На Самитот ќе учествуваат високи претставници на влади, меѓународни организации, како и претставници од деловниот сектор и академската заедница.

Министерката на отворањето ќе има воведно обраќање на тема „Нова рамнотежа и глобална соработка“, во кое ќе ги потенцира актуелните предизвици на светската економија и значењето на градењето силни и отпорни економски врски.

Утре Димитриеска-Кочоска ќе се обрати на панел-дискусијата „Нови текови на глобалните финансии: нова рамнотежа, дигитални валути и економски партнерства“, посветена на иднината на финансиските системи, растечката улога на дигиталните валути и развојот на економски партнерства помеѓу државите.

-Фокусот на Самитот е насочен кон економски политики за одржлив раст, јакнење на економската соработка помеѓу државите и развој на нови партнерства. На него ќе се дискутира за глобалната економија, одржливиот развој и зелената економија, енергетиката и финансиите, дигиталната трансформација, како и за улогата на образованието во привлекувањето странски инвестиции. Учеството на министерката ќе овозможи размена на искуства со водечките економски и политички чинители на глобално ниво, наведува Министерството за финансии.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Министерката за финансии со две обраќања на престижниот Истанбулски економски самит

Следно

Совети за безбедно чистење на телевизорот без да го оштетите

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска: Благодарност до Лосон за неговиот придонес во економската соработка

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска оствари проштална средба со амбасадорот на Обединетото Кралство, Метју Лосон, по повод завршувањето на неговиот дипломатски мандат во Македонија. Димитриеска-Кочоска му се заблагодари на амбасадорот за
Go toTop