Димитриеска-Кочоска: Инвестициите во патишта, болници и железници се инвестиции во животниот стандард

July 31, 2026
1 min read

31 јули 2026, Скопје – Јавниот долг во вториот квартал забележа намалување во споредба со состојбата на јавниот долг во претходниот квартал  од 0,1 процентен поен или во апсолутен износ за 21 милион евра. Изразен како процент од БДП јавниот долг во вториот квартал од 2026 година бележи намалување и во споредба со состобјата на јавниот долг на крајот на 2024 година за 2,6 процентни поенти и во однос на состојбата на крајот на 2025 година намалување за 0,6 процентни поени.

Министерството за финансии денеска ги објави податоците за нивото на јавниот и државниот долг заклучно со вториот кварал од 2026 година. Согласно објавените податоци нивото на јавен долг изразен како процент од БДП изнесува 58,8% додека во апсолутен износ тој е на ниво од 10.726 милиони евра.

Имено, во вториот квартал од 2026 година беше исплатен износ од над 300 милиони евра за сервисирање на дел од Еврообврзницата во вкупен износ од 700 милиони евра издадена во 2020 година. Поголемиот дел од оваа Еврообврзница беше сервисиран во првиот квартал.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување на МТВ истакна дека состојбата со јавниот долг до овој момент успешно се менџира.

„Јавниот долг во вториот квартал изнесува 58,8% од БДП. Да погледнеме и да видиме колку изнесувал во 2021 година и да видиме колку бил во 2024 година. Ние успеавме да го изменаџираме сето тоа и да ги ставиме работите под контрола. Верувајте,  не е едноставно цело време да се движите со ниво на јавен долг околу 60% од БДП и да се борите да не го надминете тој праг“, рече министерката.

Таа истакна дека кога станува збор за задолжувањата некогаш може да се надмине лимитот којшто постои како некаква психолошка граница, но дека  е многу важно за што се потрошени тие пари и да расте економијата, што во последните години се случува.

„Кога станува збор за новите задолжувања, во исто време гледаме и што се случува и што се прави. Тоа дава дополнителен раст на економиијата и тоа што значи понатаму подобар животен стандард. Животниот стандард не значи само да имате подобра плата. Животниот стандарде да имаме добри болници, да имаме добри патишта, добри железници и сето тоа е животен стандард. Значи ако правилно ги насочуваме парите, можеби во некој момент ние може да излеземе од таа психолошка граница, како што излегле многу земји, но многу е важно да расте економијата и тоа во последните години се случува“, потенцира министерката за финансии.

Министерството за финансии податоците за јавен долг ги објавува на квартално ниво, додека податоците за сосстојата на државниот долг на месечно ниво.Согласно последните податоци државниот долг заклучно со 30.06.2026 година изнесува 9.432 милиони евра или 51,7% од БДП и бележи намалување во споредба со претходниот месец за 41 милион евра или за 0,2 процентни поенти.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Реал новата „деветка“ ја купи од Леванте

Следно

Управниот одбор на ПИОМ го усвои полугодишниот извештај за работата на Фондот

Latest from Blog

Со многубројна публика заврши четвртото издание на „Taste the South“

По три дена исполнети со традиционални вкусови, музика, дегустации и дружење, во Гевгелија заврши четвртото издание на гастрономско-музичкиот фестивал „Taste the South“, кој се одржа со поддршка од Општина Гевгелија. Од 11

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар
Go toTop