Диме Чучуро, во рани зори  ќе ги искачи 105-те скали на саат кулата во Прилеп за да ги намести сказалките на часовникот

October 26, 2024
1 min read

Диме Чучуро, во рани зори вечерва ќе ги искачи стоте и кусур скали на саат кулата во Прилеп, висока 38 метри, за да го намести сказалките на часовникот според зимското сметање на времето. Чучуроски има 73 години.

Тоа е човекот, Димитар Чучуроски, кој го „дефибрилираше“ срцето на часовникот на прелепската саат кула во 2013 година, кој претходно беше во клиничка смрт повеќе од „години.

Од тогаш, Чучуро секој три дена се качува преку тесните сприални камени скалила стари повеќе од 150 години и во дрвената конструкција на саат кулата којашто е исто толку стара го навива механизмот на часовникот за да го означува точното време на прилепчани и за сите гости намерници што доаѓаат во градот и кои уште од Плетвар го гледаат симболот на градот.

Во кусата репортажа за Рацин.мк, Димитар Чучуроски ни го раскажа неговоти пријателство со кулата и со часовникот. Во 2013 година по неколку претходни неуспешни обиди, сепакт успеал да ги убеди челниците на градот да му дозволат да се качи во кулата, да го види механизмот на часовникот и да се обиде да го поправи.

Пред него, на неколкумина инжинери од градот не му успеало да го направат тоа.

Чучуроски вели, „часовникот не е пациент па да му каже на докторот што го боли, па потоа да оди на рентген или на магнетна и на снимките да ја откријат болката“.

Но, за часовничар со долгогодишно искуство и од самејство со повеќе генерации часовничари, тоа не било потребно. Кога се искачил и откако внимателно го разгледал и механизмот, знаел што треба да направи.

Наместо да бара делови за часоввникот во Виена или Грац, од каде што се претпоставува дека е донесен, тој со неколкумина занаетчии, дреари од Прилеп, ги направил  делови за кои бил сигурен дека треба да се заменат.

И навистина, со монтирањето на новите делови, срцето на часовникот во саат кулата во Прилеп, повторно почнало да чука. Од тогаш наваму, секој ден се огласуваат звучните тонови што го означуваат точното време секој час.

Во разговорот за Рацин.мк, вели дека едиснтвено за што жали е што никоја не се нафаќа да го наследи.

На еден настан во Домот на културата „Марко Цепенков“, каде што бил поканет за да говори за занаетите во прилепската чаршија за да се популаризира стручното образование, кога завршил со својата приказна како часовничар, ги прашала стотината и неколку младинци, дали има некој да се пријави да му го пренесе искуството и вештината за одржување на часовникот во саат кулата во Прилеп.

Никој од младите не се пријавил.

З.Б.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бугарски Фактор: На посочените адреси во Пловдив нема јазично училиште кое издава серификати на англиски јазик кои ги поседува Христовски

Следно

Мицкоски одлучи: Не го праќа писмото – чека Бугарија да го ратификува договорот и да почнат Уставни измени

Latest from Blog

Судење за „Пулс“: Општината алармирала за несоодветна намена на објектот

На денешното рочиште за случајот „Пулс“, сведокот Драги Илиевски изјави дека Општина Кочани реагирала за намената на објектот и побарала да се спречи негово користење како дискотека. Тој појасни дека објектот се

ЈКП Комуналец – Прилеп: Продолжуваат активностите за уредување на јавните површини

Екипите на ЈКП Комуналец Прилеп извршија поправка на оштетените куќарки во паркот кај Основниот суд Прилеп, еден од најпосетените паркови во градот. Станува збор за простор кој важи за едно од омилените

Борче Димитровски: ОУ „Даме Груев“ добива современи спортски игралишта

Со стартот на новата градежна сезона, започна реализацијата на уште еден значаен проект во Битола – изградба на спортски игралишта во дворот на ОУ „Даме Груев“. Како што информираше секретарот на Општина
Go toTop