ДИК: Во 33 општини се завршени изборите за градоначалник во прв круг

October 23, 2025
2 mins read

До вчера течеа роковите за поднесување евентуални приговори за постапката на гласање и приговори за утврдување и сумирање на резултатите од гласањето, ДИК по истекот на законските рокови објавува за кои општини резулатите од гласањето се конечни. Од 44 општини за кои ДИК во понеделникот објави првични официјални резултати од гласањето за избор на градоналници, во меѓу време констатиравме дека од овие 44 општини во 11 општини се пристигнати приговори. По приговорите ние денес, согласно дневниот ред, а ако не стигнеме денес, евентуално утре ќе постапуваме и ќе одлучуваме. По таквите одлуки подносителите имаат право на тужба до Управен суд, информира на денешната 149 седница претседателот на ДИК Борис Конадрко.

Тој информира дека оние општини во кои нема поднесено приговори за гласање за избор на градоначалници се 33 и за нив ДИК денеска објавува конечни резулатати за завршено гласање во прв круг за избор на градоначалници.

– Резултатите и имињата на кандидатите нема да ги читам зошто тие веќе се прочитани во понеделникот кога објавивме првични официјални резулатати и тие се наоѓаат на официјалната веб-страна на ДИК. Само ќе ги прочитам имињата на општините во кои гласањето за градоначалник е завршено конечно, со конечни резултати во прв изборен круг. Тоа се општините: Берово, Битола, Василево, Вевчани, Гевгелија, Ѓорче Петров, Градско, Делчево, Демир Хисар, Желино, Зелениково, Илинден, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Кисела Вода, Кратово, Крива Паланка, Липково, Новаци, Ново Село, Охрид, Петровец, Пехчево, Пласаница, Радовиш, Сарај, Свети Николе, Сопиште, Старо Нагоричане, Струмица, Теараце и Штип, рече Кондарко.

Во 11 општини има поднесено приговори и таму резултатите се уште не се конечни, а ќе бидат откако ќе одлучи ДИК или евентуално Управниот суд во втор степен. Тоа се: Арачиново, Богданци, Босилово, Бутел, Велес, Гази Баба, Кривогаштани, Прилеп, Ресен, Чаир и Чашка.

За конечноста за резулатите за избор на советници во општините, ДИК објави дека во 64 општини нема поднесено приговори за гласањето на 19 октомври за избор на советници во општините и во сите овие 64 општини гласањето во првиот круг е завршено и конечни се резултатите. Тоа се: Арачиново, Центар Жупа, Маврово Ростуше, Врапчиште, Град Скопје, Берово, Битола, Боговиње, Брвеница, Валандово, Василево, Вевчани, Гевгелија, Ѓорче Петров, Градско, Дебар, Дебрца, Делчево, Демир Капија, Демир Хисар, Дојран, Желино, Зелениково, Зрновци, Илинден, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Конче, Кисела Вода, Кочани, Кратово, Крива Паланка, Куманово, Крушево, Липково, Лозово, Македонска Каменица, Македонски Брод, Могила, Неготино, Новаци, Ново Село, Охрид, Петровец, Пласница, Пехчево, Пробиштип, Ранковце, Росоман, Радовиш, Сарај, Свети Николе, Сопиште, Старо Нагоричане, Струга, Струмица, Студеничани, Теарце, Тетово, Центар, Чешиново Облешево, Чучер Сандево и Штип.

За листите на советници или за гласање на советници во општините има поднесено 17 приговори по кои денеска ќе се одлучува. Тоа се за советите во општините: Шуто Оризари, Босилово, Прилеп, Гази Баба, Чашка, Аеродром, Долнени, Ресен, Бутел, Гостивар, Кривогоштани, Богданци, Чаир, Велес, Виница, Карпош и Кичево.

На седницата едногласно беа одбиени пет приговори за лично избирачко право. Кондарко информира дека тие биле доставени претходно, биле проверни и се неосновани. Приговорите се од лицата Денис Абдиев од Гази Баба, Исни Исмаили од Сарај, Грамос Камбери од Желино, Љубица Балеска од Валандово, Татјана Чакулев од Карпош и Александар Илиевски од Аеродром. На овие лица, како што рече, ќе има бидат изготват поединечни решенија и ќе им бидат доставени.

Кондарко информира дека до ДИК се поднесени вкупно 57 приговори во кои се опфатени повеќе избирачки места, од нив 37 приговори се однесуваат на постапката за утврдување и сумирање резултати од гласањето, а 20 приговори се за самата постапка за гласање.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Проданоски: Нека ни е честит 23 Октомври – денот на македонската револуционерна борба

Следно

ВИДЕО: Тоа што овој човек го носи на електричен тротинет никогаш не сте го виделе

Latest from Blog

Јубилејно 40. издание на „Макфест“ од вечерва во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип

Од 23 до 25 октомври 2025 година во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип ќе се одржи јубилејното 40-то издание на фестивалот „Макфест“ – најпознатиот фестивал на забавни мелодии во Македонија.

(Видео) Верска одмазда или само пресуда: МАЛОЛЕТНИК ВО БРИТАНИЈА ОСУДЕН НА ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР

Европските држави, особено најголемите и најбогатит кај кои има најголем прилив, легален и илегален, на мигранти се соочуваат со чести насилства од мигрантите кон домицилното население, па и со убиства што предизвика

Виенски институт: Економскиот раст на Србија оваа година е два проценти, најнизок во Западен Балкан

Во анализата се опфатени 23 држави, јавија српски медиуми. Шесте земји од Западен Балкан имаат просечен раст на бруто домашниот производ (БДП) од 2,5 проценти во 2025 година и 3,4 проценти во
Go toTop