ДИК предлага да може да се гласа и со пасош без „Северна“, одредбата би важела за граѓаните со истечени лични карти

February 24, 2024
1 min read

Државната изборна комисија предлага во Изборниот законик да се воведе преодна одредба со која на граѓаните од земајва и странство ќе им се овозможи на претстојните избори да гласаат со пасоши со старото уставно име чија важност сè уште не е истечена.

Оваа одредба, како што вели првиот човек на ДИК, Александар Даштевски, би се однесувала само на годинашните избори, а пред сè би се однесувала на граѓаните чии лични карти се неважечки.

Предлагаме пасошите на кои пишува Република Македонија, ако се важечки, да важат за гласање и тоа да се стави во Изборниот законик како преодна одредба која ќе важи само за овие избори. Од ова мислам дека нема поидеално решение. Веќе го сменивме Законот за лични карти и тие важат, но многу луѓе немаат и лични карти, па ако важат пасошите, ќе имаат еден документ, зашто тоа се реално важечки документи, издавани од нашите надлежни органи – рече Даштевски на ТВ Телма.

Извор: skopskoeho.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Четири знаци кои ги очекуваат големи промени во март: Астролозите ви испраќаат добра вест, еве како да не ја пропуштите

Следно

Јончевски со една принудна измена пред мечот со Полска

Latest from Blog

Сојузот на здруженија на лозари бара плаќање на грозјето според шеќерни единици, инспекции кај откупувачи, субвенции за модернизирање за намалување на трошоците за производство

„По објавувањето на цените за килограм грозје, иако овие цени се највисоки досега, револтот кај лозарите е очигледен, бидејќи овие цени не соодветствуваат со трошоците за производство на килограм грозје. Цените на

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро
Go toTop