„ЏОКЕР: ЛУДИЛО ЗА ДВАЈЦА“ НА ТОД ФИЛИПС МЕЃУ 21 КАНДИДАТ ЗА ЗЛАТЕН ЛАВ ВО ВЕНЕЦИЈА

July 23, 2024
1 min read

Пет години откако „Џокер“ го освои Златниот лав на филмскиот фестивал во Венеција, режисерот Тод Филипс се враќа со продолжението. „Џокер: Лудило за двајца“ ќе игра во конкуренција за Златен лав со уште 20 филмови, соопшти денеска директорот на фестивалот Алберто Барбера. Во многу очекуваното продолжение на блокбастерскиот стрип-филм играат Хоакин Феникс како ментално болниот Артур Флек и Леди Гага како Харли Квин.

Во селекцијата во и вон конкуренција на 81-то издание на фестивалот се и нови филмови во кои глумат Бред Пит, Џорџ Клуни, Анџелина Џоли, Никол Кидман, Даниел Крег и Џуд Ло.

Во конкуренција за Златиот лав се и филмот на Пабло Ларен за Марија Калас „Марија“, со Анџелина Џоли во главната улога; „Сè уште сум тука“ на Валтер Салјес; еротскиот трилер „Бејбигрл“ со Кидман и Харис Дикинсон од режисерката Халина Рејн; „Квир“ на Лука Гвадањино по роман на на Вилијам С. Бароус со Крег и Џејсон Шварцман; и првиот англиски филм на Педро Алмодовар „Соседна соба“, со Џулијан Мур и Тилда Свинтон.

„Редот“, криминалистичкиот трилер на Џастин Курзел од 1980-тите за белата супрематистичка група во која Џуд Ло ги глуми агентот на ФБИ, со Николас Хулт и Џурни Смолет, исто така ќе биде во конкуренција, како и „Бруталистот“ на Брејди Корбет, со Адриен Броди, Гај Пирс, Фелисити Џонс и Џо Алвин. Снимен на 70 мм, 215-минутниот еп зборува за Унгарец преживеан од Аушвиц кој оди во САД. Тука се и новите филмови на италијанскиот ветерна Џани Амелио и на грчката режисрка Атина Рејчел Цангари.

Со жирито за Златен лав претседава Изабел Ипер, a членови се Џејмс Греј, Ендрју Хеј, Агњешка Холанд, Клебер Мендонса Фиљо, Абдераман Сисако, Џузепе Торнаторе, Јулија фон Хајнц и Жанг Зији.

Пит и Клуни повторно ќе се обединат во „Волци“ на Џон Вотс, адреналинска акциона комедијаш што ќе игра вон конкуренција.

Неколку интересни филмови ќе играат во дополнителната програма на Хоризонти се „5 септември“ со Питер Сарсгард, за тв пренос на Олимпијадата во Минхен, „Кралот Слонова коска“ на Џон Сваб, со Бен Фостер и Џејмс Беџ Дејл; и филмот на Алекс Рос Пери за калифорнискиот рок бенд „Пејвмент“ на Стивен Малкмус.

81-то издание започнува на 28 август, со светската премиера на „Битлџус, битлџус“ на Тим Бартон, а се очекува целата главна актерска екипа во која е и Мајкл Китон, да помине на црвениот тепих. Филмскиот фестивал во Венеција ќе трае до 7 септември.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кузеска: Панче Тошковски и Игор Јанушев имаат станови во поклонетиот имот на Јанушев

Следно

Полициските хеликоптери исфрлија над 148 тони вода врз пожарите кај Старо Нагоричане и Брезница

Latest from Blog

Кралот Чарлс шокиран и тажен поради смртта на војникот од елитната коњичка единица

Кралот бил „многу шокиран“ и „тажен“ кога дознал за смртта на војникот  , изјави портпарол на Бакингемската палата. Војникот бил дел од кралската трупа, кралската коњска артилерија и паднал околу 19 часот

Димитриеска – Кочоска: Продолжени мерките за поевтини горива до 1 јуни

Владата на денешната вонредна седница донесе одлука за продолжување на мерките за намалување на ценовните притисоци и заштита на животниот стандард на граѓаните до 1 јуни 2026 година. Ова на својот фејсбук

Трамп со предупредување до Тајван, островот со одговор веќе сме суверена земја

Трамп  за Fox News, изјави дека „не сака никој да прогласува независност“ и повтори дека американската политика кон Тајван останува непроменета. Тој исто така кажа  дека не сака конфликт со Кина, туку

Платите во Европа се разликуваат драстично: Ова се земјите со највисоки и најниски примања

Просечните плати значително се разликуваат низ Европа, исто како и трошоците за живот. Најновите споредби покажуваат дека највисоки плати имаат земјите од западна и северна Европа, додека најниски примања се бележат во
Go toTop