Деветнаесет Палестинци се убиени во израелските напади низ Појасот Газа

December 20, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – Израелските сили извршија напади врз различни делови на Појасот Газа, во кои се убиени 19 Палестинци, а многумина се повредени, објавија денес локалните медиуми, јавува Анадолу.

Дирекцијата за цивилна одбрана соопшти дека воздушните напади врз населбата Сабра во јужниот дел на градот Газа биле насочени кон домовите на семејствата Абу Шанаб, Кијали и Ал-Лав, при што биле убиени девет лица, а многумина се повредени.

Здравствени извори соопштија дека израелски беспилотни летала нападнале два мотоцикла во јужниот дел на Газа, при што се убиени три лица.

Во одделни воздушни напади врз централниот дел на градот Газа и врз јужниот град Рафа убиени се шест лица и ранети се голем број Палестинци.

Според локалните извештаи, во израелскиот напад со беспилотно летало врз Деир ал Балах во центарот на Газа убиено е едно лице, а има и повредени.

Израел на 7 октомври 2023 година започна геноцидна војна во Газа убивајќи повеќе од 45.100 Палестинци, главно жени и деца.

Меѓународниот кривичен суд минатиот месец издаде налози за приведување на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговата војна против Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Обвинителството се откажа од гонењето на Дрин Ахмети?!

Следно

Во операција против терористичката организација ДЕАШ во Истанбул се приведени 16 лица

Latest from Blog

Евростат: Македонија со најниски цени во Европа

Македонија е најевтина земја во Европа според најновите податоци на Евростат. Но, иако цените се најниски, тоа не значи и повисок животен стандард, бидејќи економистите нагласуваат дека ниските цени најчесто се поврзани

Министерот Тошковски презентираше двегодишен отчет: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години и продолжување на реформите во МВР

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го презентираше отчетот за работата на Министерството за внатрешни работи во изминатите две години, истакнувајќи дека од самиот почеток на мандатот била поставена јасна определба

Комуналец Прилеп: Секој агол од Могилата сведочи за грижа и посветеност

Паркот на Могилата во Прилеп и оваа сабота ги пречека посетителите во беспрекорна состојба – чисти патеки, уредени зелени површини и пријатна атмосфера што ги привлекува граѓаните да го поминат слободното време
Go toTop