Деветмесечно бебе сомнително на туберкулоза хоспитализирано на Клиниката за детски болести

February 26, 2023
1 min read

Деветмесечно бебе сомнително на туберкулоза хоспитализирано на Интензивна на Клиниката за детски болести. Веднаш е поставено на механичка вентилација откако синоќа во тешка состојба било донесено со возило на Брза Помош од болницата во Козле.

Дали сомнежот за заразната болест која претходно ја имала мајката ги става во опасност новороденчињата и малите пациенти на одделот, директорката на установата тврди дека не постои никаква закана. Професор Нацева Фуштиќ во изјава за Сител вели дека постапуваат по пропишани протоколи, но бебето е во многу тешка состојба и има само три килограми.

–Детето е во тешка малмутриција со респираторна инсуфициенција. Детето е во посебна изолација. Го води посебна сестра која е само со него и со посебна заштита, меѓутоа немаме никаков доказ освен анамнезата на мајката. Дали ќе преживее е знак на прашање бидејќи е само три килограми на девет месеци, вели проф. д-р Стојка Нацева Фуштиќ, директор на Клиника за детски болести.

На детска дополнително ќе прават анализи за евентуално докажување на заразата, но како што вели проф. Фуштиќ, бебињата не можат да ја пренесуваат. Но она што загрижува кај овој случај е што деветмесечното бебе прво од Куманово било испратено на детска хирургија за третман на хернија, оттаму поради сомнеж за туберкулоза го препратиле во Козле од каде пак поради тешката состојба завршило на детска Клиника. Зошто е неухрането и толку слабо и дали истото било предмет на социјални служби? Во болницата во Козле има социјален работник кој разговара и со овие пациенти, но за овој случај немале време поради итноста, пишува Сител.

–Ние ќе ги известиме социјалните служби, но зошто е на тој начин пропуштено и не било под медицински надзор јас не можам да кажам, вели Фуштиќ.

Ноќеска бебето било интубирано и завршило на респиратор на одделот за итнензивна нега. Порано вакви случаи но и тешки ковид пациенти ги изолираа во Ургентниот Центар кој сега е пренаменет во специјалистички амбуланти.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Илјадници луѓе во Берлин повикуваа на мировни преговори со Русија

Следно

Бугарски медиум снимал документарец: Бугарите се жртви на насилство во Македонија (ВИДЕО)

Latest from Blog

Општина Битола: До 19 ноември може да предложите волонтер или волонтерска акција за локална награда

Локалниот совет за волонтерство на Општина Битола ги поканува сите волонтери и организатори на волонтерска работа, кои во 2026 година оствариле значителен придонес во областа на волонтерството да се пријават на повикот

Канадски министер за енергетика: Рударството влегува во најголемиот инвестициски суперциклус во историјата

Светот влегува во досега најголемиот инвестициски суперцикл во историјата на металургијата и рударската индустрија, изјави канадскиот министер за енергетика и природни ресурси, Тим Хоџсон, за време на неговото обраќање во Лондон. Според него,

Рударството во пад: Димов повикува на развој заснован на знаење и стручност

Падот на индустриското производство во рударскиот сектор продолжува и во септември, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Во услови кога вкупното индустриско производство во државата бележи раст од 2,4%, рударството

Ракометната федерација на Македонија со остра реакција по мечот со Грција: Кратенката НМКД е неприфатлива

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) најави дека ќе поднесе официјален приговор до Европската ракометна федерација (ЕХФ) и до Ракометната федерација на Грција поради кратенката што беше употребена во телевизискиот пренос од натпреварот

ИНТЕРВЈУ ЗА БУЛЕВАР.МК | Сања Божиновска: ЕУ ги препозна конкретните реформи и резултати во енергетиката

Европската комисија издвојува конкретни реформи и резултати, а гасните врски се енергетски автопати на државата 1. Во новиот извештај Европската комисија бележи напредок во енергетиката. Кои позитивни оценки ги сметате за најважни
Go toTop