Деветмесечно бебе сомнително на туберкулоза хоспитализирано на Клиниката за детски болести

February 26, 2023
1 min read

Деветмесечно бебе сомнително на туберкулоза хоспитализирано на Интензивна на Клиниката за детски болести. Веднаш е поставено на механичка вентилација откако синоќа во тешка состојба било донесено со возило на Брза Помош од болницата во Козле.

Дали сомнежот за заразната болест која претходно ја имала мајката ги става во опасност новороденчињата и малите пациенти на одделот, директорката на установата тврди дека не постои никаква закана. Професор Нацева Фуштиќ во изјава за Сител вели дека постапуваат по пропишани протоколи, но бебето е во многу тешка состојба и има само три килограми.

Детето е во тешка малмутриција со респираторна инсуфициенција. Детето е во посебна изолација. Го води посебна сестра која е само со него и со посебна заштита, меѓутоа немаме никаков доказ освен анамнезата на мајката. Дали ќе преживее е знак на прашање бидејќи е само три килограми на девет месеци, вели проф. д-р Стојка Нацева Фуштиќ, директор на Клиника за детски болести.

На детска дополнително ќе прават анализи за евентуално докажување на заразата, но како што вели проф. Фуштиќ, бебињата не можат да ја пренесуваат. Но она што загрижува кај овој случај е што деветмесечното бебе прво од Куманово било испратено на детска хирургија за третман на хернија, оттаму поради сомнеж за туберкулоза го препратиле во Козле од каде пак поради тешката состојба завршило на детска Клиника. Зошто е неухрането и толку слабо и дали истото било предмет на социјални служби? Во болницата во Козле има социјален работник кој разговара и со овие пациенти, но за овој случај немале време поради итноста, пишува Сител.

Ние ќе ги известиме социјалните служби, но зошто е на тој начин пропуштено и не било под медицински надзор јас не можам да кажам, вели Фуштиќ.

Ноќеска бебето било интубирано и завршило на респиратор на одделот за итнензивна нега. Порано вакви случаи но и тешки ковид пациенти ги изолираа во Ургентниот Центар кој сега е пренаменет во специјалистички амбуланти.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Илјадници луѓе во Берлин повикуваа на мировни преговори со Русија

Следно

Бугарски медиум снимал документарец: Бугарите се жртви на насилство во Македонија (ВИДЕО)

Latest from Blog

Трипуновски: Секој кој има штета ќе биде обештетен

Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски присуствуваше на прес-конференција на Управувачкиот комитет за справување со кризи кој во проширен состав заседаваше во МВР. Во регионот каде што е пожарот во

Џон Малкович за аферата со убавата Мишел Фајфер: Кога ќе ја преминете границата, нема враќање

 Двајцата биле во брак во тоа време, а нивната романса од снимањето се прелеала и во реалниот живот. Во историската романса од 1988 година, режирана од Стивен Фрирс, Малкович и Фајфер ги
Go toTop