Девет члена на едно семејство убиени поради брачна кавга во Пакистан

June 30, 2023
1 min read

ИСЛАМАБАД (АА) – Најмалку девет члена на едно семејство се убиени во вооружен напад во северозападен Пакистан, пренесува Анадолу.

Напаѓачите упаднале во нивната куќа околу полноќ и убиле три жени и шест мажи во градот на семејството додека спиеле, а нападот го преживеале само три деца во градот Батхела, во округот Малаканд, во пакистанската провинција Хајбер-Пахтунва.

„Го приведовме осомничениот убиец, кој бил зет на убиеното семејство“, изјави во телефонски разговор за Анадолу, Раб Наваз, службеник на локалната управа.

Тој појасни дека настанала кавга меѓу осомничениот и неговата сопруга, по што таа се вратила во куќата на својот татко и таму останала.

Наваз додаде дека во средата вечер зетот дошол со уште две лица, влегол во куќата и ги убил сите девет лица, вклучително и својата сопруга, додека спиеле.

Нападот го преживеале само три деца.

Муслиманите во Пакистан го слават празникот Курбан бајрам, но луѓето во градот Батхела се во жалост.

„Тоа беше трагичен инцидент, а целиот град е во шок поради бруталното убиство на семејството“, рече Абдул Хаким, локален жител.

Хаким додаде дека населението организирало протест, барајќи остри казни за сторителите на ова злосторство.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Умерен земјотрес во близина на Дубровник

Следно

Брозовиќ доби 100 милиони евра и потпишува за Ал-Наср

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop