Детската болница Козле прераснува во „Јавна здравствена установа Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата Козле-Скопје

October 24, 2023
1 min read

реклама


Владата на денешната седница донесе Одлука со која Јавната здравствена установа Институт по белодробни заболувања кај децата Козле-Скопје прераснува во Јавна здравствена установа Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата Козле-Скопје.

Со оваа одлука се овозможува проширување на дејноста на оваа здравствена установа преку специјалистичко-консултативна и болничка здравствена заштита и здравствена дејност на терцијарно ниво од областа на респираторните заболувања кај децата и цистичната фиброза, изведување образовна дејност, вршење усовршување на здравствените работници и научно-истражувачка дејност, како и вршење здравствени услуги кои бараат стручен, организациски и технолошки сложен и мултидисциплинарен здравствен третман од областа на респираторните заболувања кај децата и цистичната фиброза, изградување и спроведување на стручно-медицински доктринарни критериуми во својата област и укажување стручно-методолошка помош на здравствените установи од соодветната гранка на медицината.

реклама

Со оваа одлука, ќе се добие побрзо и поефикасно дијагностицирање, третман и лекување на пациентите и ќе се намали притисокот кон други установи со што ќе се обезбеди подостапна и поквалитетна здравствена заштита за пациентите.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Алиу со ист став како Таравари дека ДУИ треба да направи „update”, Османи со одговор

Следно

Израел го одби барањето на УНРВА за влез на гориво во Газа

Latest from Blog

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop