Детектор анкета: 80% од граѓаните сметаат дека имаме корумпирани јавни набавки и дека политичарите ги трошат јавните пари за лични интереси

February 26, 2023
1 min read

Близу 80% од граѓаните сметаат дека има корупција во јавните набавки и дека при трошењето на јавните пари, политичарите се водат исклучиво од личниот интерес. Вакви податоци дава најновото истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

Според него, 79,5% од анкетираните сметаат дека има корупција во спроведувањето на јавните набавки додека само 9,5% не гледаат корупција во овој процес. Во споредба со анкетата која ИПИС за Детектор ја спроведе во 2019 година, денеска уште поголем број граѓани сметаат дека има корупција во јавните набавки.

Ако во 2019 66,4% сметале дека има корупција во јавните набавки денеска оваа бројка се зголемила за 13 поени на 79,5% граѓани кои се убедени дека постапките за јавни набавки ги следи корупција.

80,4% од анкетираните сметаат дека при трошењето на јавните пари политичарите се водат од личните и партиските интереси наспроти само 7% кои сметаат дека при трошењето на јавните пари, политичарите се водат од интересот на граѓаните.

Анализата на етничката структура покажува дека Македонците многу повеќе перцепираат корупција во јавните набавки во однос на етничките Албанци. Додека дури 87,8% од Македонците сметаат дека при трошењето на јавните пари политичарите се водат исклучиво од личните и партиските интереси, ваков став делат 57% етнички Албанци.

Интересно е што само 3% Македонци сметаат дека при трошењето на парите на граѓаните политичарите се водат од јавниот интерес, додека овој процент кај етничките Албанци се искачува до 17,5%.

Близу две третини од граѓаните или точно 72,6% сметаат дека парите од буџетот се трошат ненаменски додека 17,9% сметаат дека трошоците се за потребите на граѓаните.

И овде сосема различни перцепции на Македонците и етничките Албанци. Додека дури 80% од Македонците сметаат дека парите од буџетот не се трошат наменски, ваков став делат само 49,4% етнички Албанци. 30,8% од Албанците сметаат дека буџетот се троши за вистинските потреби на граѓаните додека ваков став делат само 13,4% Македонци.

Близу половина од граѓаните или 49,1% сметаат дека состојбата со начинот на кој функционерите ги трошат јавните пари станува се полоша во последните 5 години. 31,8% не гледаат некаква промена додека само 9,9% детектирале подобрување.

Според етничката структура, 54,8% Македонци сметаат дека имаме уште полоша состојба со трошењето на јавни пари во последните 5 години додека 7,5% забележале подобрување. 31,8% сметаат дека нема никакви промени. Етничките Албанци се поделени. 32,7% од нив сметаат дека состојбата со трошењето на јавните пари во последните 5 години станала полоша а 31,9% не гледаат промена. 16,3% етнички Албанци сметаат дека трошењето на јавните пари за последните 5 години се подобрило.

Истражувањето на јавното мислење за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1115 испитаници во периодот од 01 до 04 февруари оваа година.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Потврдена кандидатурата на Мило Ѓукановиќ за претседател на Црна Гора

Следно

Вучиќ: Подготвен сум да работам на имплементација на европскиот план за Косово со јасни ограничувања

Latest from Blog

Трамп и конфликтот со Европа: ЗАД СЕ СТОИ ТАЈНИОТ АРХИТЕКТ НА НОВАТА АМЕРИКАНСКА ПОЛИТИКА

Веројатно никогаш не сте слушнале за Енди Бејкер. Но, тој е водечкиот интелектуалец во Советот за национална безбедност (НСЦ) чии потези би можеле да ја одредат иднината на надворешната политика на Републиканската

Ковачки: Го поседувам највисокиот национален безбедносен сертификат државна тајна, како и највисокиот НАТО сертификат

Новиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен пратеник во македонското Собрание, Драган Ковачки, вечерва гостуваше во Тема на денот на Сител телевизија при што одговори на лиферуваните лаги и манипулации со клевети

Владата меѓу договор и генерален штрајк

Идната недела ССМ на блокади, УПОЗ во обид да го скрои договорот за повисоки плати во нивните редови. Во Министерството за финансии попладнево синдикатот и надлежните ќе работата на документот со кои

Трамп го отстрани, но не се извинува видеото на кое Мишел и Барак Обама се прикажани како мајмуни

Трамп призна дека им наложил на помошниците да го објават, но тврди дека не го видел навредливиот дел од видеото.  Контроверзната снимка се појави на една од објавите на неговата платформа truth
Go toTop