Дескоска се пофали, во нејзино време имало „добар напредок“ – Лога: Во мрак го уништуваат системот, на светло држат предавања

November 9, 2023
1 min read

реклама


Единствена што се „радуваше“ од извештајот на ЕУ по се изгледа е поранешната министерка за правда, Рената Дескоска. Не дека извештајот е полн со забелешки и критики, туку затоа што во времето кога таа беше министерка оценките за судството беа „добар напредок“. За да го прикжае ова појасно, Дескоска на Фејсбук наведе различни оценки низ годините.

„Искрено се надевам дека секој следен извештај ќе биде подобар од претходниот или барем ќе покаже дека има напредок, дека нема стагнација во реформите, дека одиме напред. За жал, тоа не се случува во судството. Ако ги споредиме извештаите од 2019 година до денес, можеме да ги прочитаме следните оценки за реформите во правосудството:
2019 година – добар напредок
2020 година – добар напредок
2021 година – одреден напредок
2022 година – одреден напредок
2023 година – нема напредок“, напиша Дескоска.

реклама

Поранешната министерка Дескоска во своето пишување вели дека извештајот на ЕК треба да го вклучи алармот во Министерството за правда и во Судскиот совет. Таа ги повикува актуелните креатори на политиката да ја остават настрана суетата, бидејќи според неа, на овој простор „битката за ситни политички поени“ собрани преку преписки и јавни измами може да биде фатална.

На сето ова пишување на Дескоса реагираше актуелниот министер за правда, Кренар Лога, кој обвини дека тие што денеска држат предавања по право, до вчера правеле закони против правосудниот систем.

„Во мрак пишуваат законски измени за да го уништат правосудниот систем, на светло држат предавања за правдата. О ТЕМПОРА; О МОРЕС!“, напиша Лога.

Латинскиот израз „O tempora, o mores!“ го употребил Цицерон во својот говор против Катилина, додека во модерното време се користи како крик на очај против преовладувачките општествени или политички норми.

реклама

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) Вечерва во 360° на МРТ 1: На сателитските снимки ги нема, но Општина Чаир легализирала нови високатници како да постоеле во 2011 г.

Следно

(ВИДЕО) „Временска машина“ во Чаир: Висококатници изградени последниве две-три години, легализирани како да постоеле во 2011 г.

Latest from Blog

Десет мртви и 27 повредени во оружен напад во средно училиште во Британска Колумбија, Канада

Би-Би-Си јави дека пукањето се случило околу 13:20 часот по локално време. Полицијата пронашла шест мртви лица во училиштето, додека седмиот починал на пат кон болницата, а две лица биле пронајдени без

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за
Go toTop