Десет години „Топ тема“, десет години топ дебати

February 13, 2025
1 min read

Овие денови, поточно на 9 февруари, се навршија 10 години од емитувањето на емисијата „Топ тема“, на ТВ Телма.

Како што посочува уредникот на дебатните емисии на ТВ Телма и водител на оваа емисија Боби Христов на социјалните мрежи, емитувањето на „Топ Тема“ „започна вовреме, во крајно авторитарен систем, со системска контрола врз медиумите“ и многу бргу стана „редок прозорец на слободната мисла, промотор и заговорник на различните ставови и мислења“.

„Во тие околности со огромна поддршка на менаџментот и сопствениците да се истрае во мисијата во служба на јавноста, без оглед на бескрупулозните притисоци и игнорирања од тогашната владејачка структура беше предизвикувачко време од многу аспекти“, оценува Христов.

Во изданието на емисијата од 12 февруари гостуваше Александар Чомовски, кој го водеше првото издание на „Топ тема“ кој потсети на отворената програма под истиот бренд „Топ тема“ од 27 април 2027 година, кога репортерите на ТВ Телма, со координацијата на Чомовски во студиото на најпрофесионален начин известуваа од овој трауматичен настан од поновата историја на Македонија.

Уредникот на „Топ тема“ Христов во објавата на социјалните мрежи објаснува дека поканата за ко-водителство до Александар Чомовски беше симболично одбележување на тој траен белег што во тоа време го оставија оваа емисија и ТВ Телма, кој никој не може да го негира.

„Дури ни оние кои се изнедрија како чинители во креирањето на јавното мислење, како дел од гласното НЕ на тогаш авторитарните тенденции и пракси, а денеска ‘плукаат во бунарот од кој пиеле вода’ (а верувајте ги има многу)“, коментира Христов.

Во поширок контекст на улогата на медиумите и новинарскиот придонес што ги даде и дава „Топ тема“ на ТВ Телма, не може да не се согласиме и со неговото укажување дека „мораме да градиме општество на вредности, на взаемно почитување, оти ниту едно ‘денеска’ не е без корен во ‘вчера’ , а без нив пак иднината е безсуштинска“.

Рацин.мк им се продружува не честитиките за јубилејот на емисијата „Топе тема“ и на колегите од ТВ Телма, и им посакуваме ушто долго присуство во етерот.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трипуновски: Утре почнува исплатата на субвенциите за лозарите

Следно

ДУИ започнува сеопфатна партиска реформа и процес на ветинг

Latest from Blog

Аксиос: Турција, Египет и Пакистан посредуваат меѓу САД и Иран за смирување на конфликтот

Високи претставници на трите земји одржаа одделни разговори со претставникот на Белата куќа, Стив Виткоф, и шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, наведе извор пренесен од американскиот портал. „Медијацијата е во тек

Повторно ќе сведочи ,,клучниот” сведок за грабнувањето на внукот на Љубе Бошкоски, Самоил

Поминаа три години од денот кога му се изгуби секаква трага на Самоил Костадиновски, кој е внук од брат на сопругата на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски. Тој бил киднапиран,
Go toTop