Десерт од јаболка кој ќе ве врати во детството

April 27, 2024
1 min read

Колачот со јаболка бил незаменлив десерт на нашите простори во 70-тите и 80-тите години. Тоа е кремаст и освежителен десерт, кој многу лесно се прави.

Тесто:

пет јајца
пет лажици шеќер
пет лажици брашно
еден прашок за пециво
три до четири лажици млеко

Крем:

еден килограм излупени и исечени јаболка
половина литар вода
шест лажици шеќер
еден ванилин шеќер
два пудинга од ванила

За шлагот ќе ви требаат 250 милилитри слатка павлака

Подготовка:

Најпрво одвојте ги белките од жолчките. Прво изматете ги жолчките со шеќерот и ванилиниот шеќер, па постепено додајте брашно, млеко и прашок за пециво.

Потоа цврсто изматете ги белките и полека додајте ги во смесата со жолчките. Готовата смеса истурете ја во тавата, која претходно сте ја подмачкале. Пожелно е тавата или калапот за печење да бидат со димензии 36X20 сантиметри. Печете го тестото 30 минути во загреана рерна на 180 степени.

Во меѓувреме во големо тенџере ставете ги јаболката, шеќерот и водата. Варете ги јаболката додека не почнат да се распаѓаат, а потоа додадете ги пудинзите измешани во малку вода и варете ги до крај. Топлиот крем прелијте го на изладеното тесто.

Добро изладете го колачот и премачкајте го со шлаг.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Лестер се врати во Премиер лигата

Следно

ССМ: Креаторите на политики кои покажаа дека се грижат само за сопствените интереси и не се грижат за правата на работниците

Latest from Blog

Агенцијата за филм со бројни промотивни активности за македонската кинематографија на Канскиот фестивал

Агенцијата за филм на Република Северна Македонија и оваа година активно ќе учествува на 78. издание на престижниот Кански филмски фестивал, во рамките на Филмскиот маркет (Marché du Film), кој претставува една

Шпанија го ограничува пристапот до аеродромот во Мадрид за да спречи собирање на бездомници

Шпанските аеродромски власти ќе го ограничат пристапот до аеродромот во Мадрид во одредени делови од денот како превентивна мерка за да се спречат бездомниците да спијат на неговите терминали. Само патници со

Захарова: Руската делегација пристигна во Истанбул, подготвена за сериозни разговори

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска потврди дека руската делегација пристигна во Истанбул, каде се планирани разговори за решавање на конфликтот во Украина, пренесоа руските медиуми. – Како
Go toTop