Депонијата во Липково и натаму гори – чадот и лошата миризба го загрозуваат здравјето на жителите

March 10, 2025
1 min read

Депонијата во Липково веќе неколку дена гори, покривајќи го просторот со чад и силна миризба, што го загрозува здравјето на жителите.

Жителите постојано се жалат, но решение нема, па дури велат дека луѓето го напуштаат селото поради загадениот воздух и лошата миризба.

Од Министерството за животна средина и просторно планирање велат дека одговорноста за чистење на отпадот е на општините, но општините прстот го вперуваат кон Владата.

Градоначалникот на Липково, Еркан Арифи денеска немаше можност да зборува за овој проблем, додека во септември минатата година во Дејли Клик изјави дека од 2018 година била планирана изградба на фабрика за рециклирање, но дека оваа идеја е заборавена.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Полицијата го приведе Капушевски

Следно

Спасовски во 24 анализа: Ние сме против интерпелацијата, тоа е школски пример за упад на уставниот поредок на државата

Latest from Blog

Шефот на Меѓународната агенција за енергија предупредува дека глобалната економија е пред голема закана

– Ниту една земја нема да остане имуна на ефектите од оваа криза доколку ситуацијата продолжи да се движи во овој правец – рече Бирол во австралискиот град Канбера. Според него, кризата

Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, вечерва ја посети Македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ во Загреб, каде што оствари средба со претставници на македонската заедница. Таа изрази

Вајц ја крена Софија на нозе со барањето да се разјасни вториот протокол

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Бугарската агенција БГНЕС објави подолга реакција во која оценува дека барањето Европскиот совет да каже
Go toTop