Денеска дефиле на велосипедисти и мотоциклисти низ Скопје за подигнување на свеста за нивна безбедност

May 13, 2023
1 min read

Под мотото „Јас внимавам и безбедно возам“ денеска ќе се одржи дефиле на велосипедисти и мотоциклисти, на кое е најавено учество на преку 100 велосипедисти и над 30 мотоциклисти со цел подигнување на свеста за безбедност на велосипедистите и мотоциклистите.

Организаторите информираат дека дефилето за велосипедистите започнува во 11:00 часот и ќе стартува од велосипедската патека на кејот на реката Вардар кај хотел „Холидеј ин“, а мотоциклистите ќе тргнат од фонтаната „Лотосов цвет“ во Градскиот парк во 11:30 часот. Двете групи ќе се сретнат на целната локација, на платото пред Спортскиот центар „Јане Сандански“.

Дефилето е во организација на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), а партнери се компанијата ОКТА, Министерството за внатрешни работи, Факултетот за безбедност од Скопје и Црвениот крст. Поддршка за настанот даваат и здруженијата на велосипедисти и мотоциклисти „Мото клуб Безбедност“, „Прв до врв“ и „Здружението за друмски и планински велосипедизам“.

Можат да се приклучат сите кои сакаат да дадат придонес и поддршка зазголемување на сообраќајната култура на велосипедистите и мотоциклистите и подигнување на свеста за користење на заштитна опрема при вклучување во сообраќајот и можат да се приклучат сите што  

На учесниците кои први ќе пристигнат на почетните позиции, ќе им бидат доделени стартни пакети од страна на РСБСП. Како дополнителна поддршка на настанот, а во рамки на својата кампања за подигнување на свеста за безбедност во сообраќајот „Јас внимавам“, компанијата ОКТА ќе обезбеди велосипедски ѕвончиња, безбедносни велосипедски светла и заштитни кациги за учесниците во дефилето.

По пристигнување на платото пред Спортскиот центар „Јане Сандански“, во 12:00 часот, изјави ќе дадат министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, претседателката на РСБСП,  Гордана Кожуваровска, менаџерката за корпоративна општествена одговорност и комуникации во ОКТА, Марија Ставрeва, и декан на Факултетот за безбедност при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, Никола Дујовски. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Леао ќе може да игра на реваншот против Интер во ЛШ

Следно

Рубен Невеш сѐ договори со Барселона

Latest from Blog

Празник на појасот на Пресвета Богородица

Празник на појасот на Пресвета Богородица После своето успение, Пресвета Богородица му го даде својот појас на апостолот Тома. Тој појас подоцна беше пренесен во Цариград и чуван во запечатен ковчег во

ЈО и Коцевски повеќе да не молчат: Кој ги злоупотребил АНБ и АР за политички пресметки и кој наредил да се следи Мицкоски?

ЈО да не молчи,  итно да реагира и да спроведе темелна и транспарентна истрага за незаконското следење на претседателот Мицкоски, новинари, бизнисмени и останати партиски функционери. Дали ЈО и Коцевски ја штитат

Фото: Забава со 700 гости за 18 роденден на ќерката на српскиот пејач Саша Матиќ, Тара

Како што се очекуваше, на забавата пристигна скоро целата српска естрада, бидејќи популарниот сале е одличен пријател со скори сите негови колеги и колешки. Секако исти релации одржува и целото негово семејство. 
Go toTop