Денес се споменува за Светиот маченик Евпл, Светата маченичка и девица Сузана

August 24, 2025
3 mins read

Ѓакон во Катана Сицилиска. Царот Диоклецијан испрати во Сицилија некој војвода Пентагур за да ги уништи христијаните, зашто оние малку што ги имаше се криеја од гонителите и не се објавуваа себеси. Тогаш некој го обвини Свети Евпл дека оди со некоја книга кај некои потајни христијани и им ја чита таа книга. Книгата беше Светото Евангелие. Откако го изведоа на суд, по малку време незнабожците му ја обесија онаа книга на вратот и го одведоа во затвор. По седум дена затвор и гладување беше предаден на мачење. Кога го биеја со железни стапови, Евпл им се потсмеваше, велејќи му на судијата мачител: „Безумнику, нели гледаш дека овие маки заради Божјата помош се како пајажина за мене. Ако можеш пронајди други, потешки, зашто овие ми се како играчка.“ Најпосле Христовиот маченик го изведоа на губилиштето. Тогаш мнозина се обратија во Христовата вера, а Свети Евпл го убија со меч. Во Царството Небесно се пресели во 304 година. Неговите чудотворни мошти лежат во едно село близу Неапол, наречено Vico della Batonia.

Тропар
Словото Божјо во раце носејќи го, во срцето твое се всели, о свети Евпал ѓаконе, темнина во пештера постоеше с? додека светлината Христова преку тебе во неа не се насели. Господ е вода жива за спасение на родот човечки, о свет мачениче, моли се до Изворот да стигнеме по твоите свети молитви.

Светата маченичка и девица Сузана и другите со неа

Ќерка на римскиот презвитер Гавиниј, а внука на папата Гај. Гај и Гавиниј беа од царски род и роднини на тогашниот цар Диоклецијан. Овој цар имаше некој посинок Максимијан Галериј, којшто сакаше да се ожени со Сузана. Но Сузана Му беше целата предадена на Господ Христос и не сакаше воопшто ни да слушне за брак, а особено не за брак со некрстен човек. Оние што ја просеа за царскиот син, големците Клавдиј и Максим, Сузана ги обрати во Христовата вера, нив и нивните цели домови. Разјарен заради ова, царот нареди та џелатите ги одведоа Клавдиј и Максим со нивните семејства во Ости, каде што ги изгореа на оган и пепелта од нив ја фрлија во морето. Сузана пак, беше убиена со меч во куќата на Гавиниј. Жената на царот, Сирена, потајна христијанка, ноќе го зеде телото на маченичката и чесно го погреба. А папата Гај ја претвори онаа куќа во којашто ја погубија Света Сузана во црква и во неа служеше служби. Наскоро по страдањето на оваа Христова невеста пострада и нејзиниот татко Гавиниј и чичко ? , папата Гај. Чесно пострадаа за Христа и примија венци на невенлива слава во 295 и 296 година.

Тропар
Како река благодатна од допирот на твоето присуство се покажуваше силата Господова, о Сузано, над безбожието и гревовноста човечка. Радувај се, света маченичке, која Бога Го прослави, радувај се, света гулабице, по чии молитви Христос н? примири, и не престанувај за нас да се застапуваш.

Свети Нифонт, патријарх Цариградски

Родум од Грција. Во младоста стана монах и се подвизуваше најпрво надвор од Света Гора, а потоа на Света Гора, по разни манастири, задржувајќи се најдолго во Дионисијат. Сите светогорци необично го љубеа заради неговата ретка мудрост и извонредна кротост. Без негова волја стана епископ Солунски. Но по две години отиде по работа во Цариград и таму го избраа на испразнетиот патријаршиски престол. Султанот го протера во Едрене, каде што живееше во прогонство. Влашкиот кнез Рдаул го измоли од султанот и го постави за архиепископ Влашки. Заради еден престап на Радул, Нифонт ја напушти Влашка и отиде на Света Гора, во обителта на Дионисијат, каде што се подвизуваше до својата деведесетта година, кога се пресели во Царството Божјо, во 1460 година. Тој е составувач на разрешителната молитва што се чита на погреб.

Тропар
Поучувајќи се од Христа Кој се смири, земајќи обличје на слуга, ти Нифонте, свети пастиру, на сите им помогна, мерка земајќи од бесловесните животни. Награда благодатна со нас сподели, богоносен оче, оставајќи ни писмо отпусно, до Владиката испратено. Спомнувајќи си за тоа, чест и поклонение, денес, воздаваме на твојот свет спомен, а Бога Го славиме во вечни векови.

Преподобните Василиј и Теодор Печерски

Обајцата свршија заради насилството на среброљубивиот кнез Истислав, во 1098 година. Житието на Свети Теодор е особено поучно за среброљубивите. Беше многу богат, но го раздаде богатството на сиромасите и се замонаши. Пото се премисли и зажали за богатството и беше многу искушуван од злиот дух на среброљубието, од којшто го ослободи Свети Василиј.

Тропар
Учители наши преподобни, кои молитвено се застапувате за оние кои се во непријателски искушенија, Теодоре и Василе, дарум добивате од Бога, заради подвизите ваши благодат надумна, дарум измолете од Христа спасение за нашите души.

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

На граничните премини се чека до 15 минути за влез и излез од државава

Следно

Драма на лет од Фиренца до Лондон: Дваесет патници морале да го напуштат авионот пред да полета

Latest from Blog

Македонската берза во црвено: МБИ10 падна за 0,36%, Комерцијална банка со најголем промет

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 25.06.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.585,45 поени. Во однос

Божиновска: Скопје се враќа на мапата како регионален центар за енергетска соработка

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, во соработка со Обединетите нации, UNDP и UNECE, годинава ќе биде домаќин на Форумот за зелена транзиција на Западен Балкан, со кој Скопје повторно се

Честитки за Босна и пласманот во елиминациите, Бразил дефинитивно е еден од фаворитите

Завршницата на групната фаза од тековниот Мундијал во САД, Мексико и Канада е во полн ек. Третото коло минува, дел од репрезентациите слават пласман понатаму, а дел од нив веќе ги пакуваат

Моменти на ужасот во Венецуела: Бројот на жртви нагло се зголеми- УСГС предвидува 10.000 загинати (ВИДЕО)

Засега во земјотресите загинале 164 лица, додека Геолошкиот институт на САД, УСГС,  предвидува дека црниот биланс би можел да достигне до 10.000. Así se vio el Terremoto en caracas VENEZUELA, La pastora se

Муцунски – Гоунтанис: потврдена заедничката посветеност за продлабочување на стратешкото партнерство меѓу двете земји

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со заменик-потсекретарот за внатрешни работи на Соединетите Американски Држави, Џон Гоунтанис. Во фокусот на разговорот беа тековните активности поврзани со
Go toTop