Денес се прославува Илинден – Денот на Републиката

August 2, 2025
1 min read

Денес се прославува Илинден – Денот на Републиката, кој е еден од најголемите државни празници на Република Македонија, а 2-ри Aвгуст  е исто така и голем верски празник  кој се слави во чест на пророкот Свети Илија.

Денот на Републиката се прославува во знак на сеќавање на два големи настани кои се случиле на овој датум, и со кои се удрени темелите на македонската државност: Илинденското востание од 1903 година кое било организирано од ВМРО против Отоманската империја и во текот на кое била прогласена Крушевската република.

Првото заседание на АСНОМ од 1944 година, во текот на Втората светска војна, на коe се поставени основите на денешна Република Македонија.

Почетокот на Илинденското востание го објавиле камбаните во Крушево на полноќ спроти Илинден 1903 година. Околу 800 востаници го ослободиле градот, а по два дена Никола Карев ја прогласил Крушевската Република и станал нејзин претседател. Слободната Република траела десет дена.

Четириесет и една година по Илинденското востание, во манастирот Св. Прохор Пчињски кај Куманово 115 делегати го одржале Првото заседание на АСНОМ (Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија), на кое е потврдена општествено-правната положба на Македонија како рамноправна федерална држава во рамките на ДФ Југославија. Заседанието го отворил Панко Брашнаров, најстариот делегат и сведок на двата Илиндена. Избран бил Президиум на АСНОМ, под претседателство на Методија Андонов-Ченто.

Заседанието усвоило неколку документи со државотворно значење, меѓу кои и Решението за воведување на македонскиот јазик за службен јазик во македонската држава и Декларацијата за основните права на човекот и граѓанинот на демократска Македонија.

Илинден е прогласен е за државен празник уште на Првото заседание на АСНОМ во 1944.

Големи народни собири се одржуваат во сите манастири, а се организира и коњанички марш од Скопје до Крушево каде што главнината од востаничките водачи ја прогласиле Крушевската република во 1903 година. Главната прослава се одржува на Мечкин камен, каде што во херојска борба со отоманските војски загинал војводата Питу Гули со својата верна дружина во август 1903 година.

Исто така на 2. август Православната црква и нејзините верници слават голем празник и црвено писмо во календарот, празникот Свети Илија.

 

За Свети Илија се вели дека е непоколеблив светец затоа што со својот гром со гори секој грешник без можност за помирување за гревот.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кањонот Авла во Турција привлекува посетители со природниот раскош и тесните премини

Следно

Трамп нареди преместување на нуклеарните подморници по руските „провокативни изјави“

Latest from Blog

Поранешниот извршен директор на Гугл, Мет Бритин, е новиот генерален директор на Би-Би-Си

Тој ќе го замени Тим Дејви, кој ја објави својата оставка по контроверзноста околу програмата Панорама и говорот на американскиот претседател Доналд Трамп. 57-годишниот Бритин, кој ги водеше операциите на Гугл за

Поранешниот извршен директор на Гугл, Мет Бритин, е новиот генерален директор на Би-Би-Си

Тој ќе го замени Тим Дејви, кој ја објави својата оставка по контроверзноста околу програмата Панорама и говорот на американскиот претседател Доналд Трамп. 57-годишниот Бритин, кој ги водеше операциите на Гугл за

СДС е „кукла на конци“ под диктат на Заев, со пропадната ПР стратегија од Башановиќ и Шчекиќ, Филипче е без кредибилитет и ја води партијата кон исчезнување

СДС како партија е „кукла на конци“, која се движи според агенда поставена од други, наместо од сопственото членство или јавностa, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на ставовите на претседателот на СДСМ Венко Филипче.
Go toTop