Демократските сили на Ромите до Османи: Постојано укажуваме на дискриминирање на Ромската заедница по сите основи

January 26, 2023
1 min read

Демократските сили на Ромите преку реакција до јавноста го прашуваат министерот за надворешни работи Бујар Османи зошто Ромите се дискриминирани во оваа земја.

„Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска од Собранието на РМ, покрај останатото истакна дека во Македонија нема дискриминација кон одредена заедница. Исто така истакна дека, на било кој граѓанин од било која заедница да му се случи истото ( се мисли на претепувањето на Христијан Пендиков во Охрид ) макар и на крајот на светот да се наоѓа, ќе го посети како тоа што го направил во Софија. Партијата Демократски сили на Ромите сака да ја потсети македонската јавност и Владата на Република Македонија пред само неколку месеци, во Штип од страна на полициски службеници брутално беше претепан и фрлен на кров лицето Ерсој Ибов кој е од Ромска националност.

Затоа јавно го прашуваме Министерот Османи или било кој друг функционер на Владата: ДАЛИ НЕКОЈ ГО ПОСЕТИЛ претепаниот Ром во Штип Ерсој Ибов?! Што е превземено од страна на надлежните органи во врска со овој случај?! ДСР како партија со демократски вредности постојано укажува за целосно дискриминирање на Ромската заедница по сите основи! ДСР како партија најостро го осудува насилството врз било кој човек од било која заедница! Во Македонија добар дел од политичарите генерално директно или индиректно не се свесни дека ги дискриминираат Ромите, а од страна на ДСР и Ромите во Македонија постои огромна недоверба кон надлежните институции и органите кои се надлежни за санкционирање на сторителите, односно оние кои дискриминираат“, стои во нивната реакција до јавноста.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Чавушоглу: Бесмислено е да се одржи состанок со Шведска и Финска за нивните кандидатури за НАТО

Следно

Невреме и поплави во Атина

Latest from Blog

Тошковски од Мала Преспа: македонскиот дух тука живее силно и гордо

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со министрите за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за култура Зоран Љутков се во посета на македонците во Мала Преспа каде присуствуваат на фестивалот

Бериша: За 10 години Албанија ја напушти 45 отсто од популацијата поради нарко диктатурата

Лидерот на најголемата албанска опозициска Демократска партија и поранешен премиер, Сали Бериша во обраќањето на Парламентарното собрание на ОБСЕ, што се одржува во Порто, Португалија изјави дека за една деценија 45 отсто

СДСМ објави нови 11 кандидати за градоначалници, во Струмица наместо Костадинов ќе се трка Даскаловски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва на прес-конференција објави уште неколку имиња на кандидати за градоначалници на партијата за претстојните локални избори. Прашан зошто актуелниот струмички градоначалник Костадин Костадинов нема да бара

Во Ирак се одржа Фестивал на убавина за мачки

СКОПЈЕ (АА) – Во организација на Кралската ветеринарна болница, во ирачкиот град Сулејманија денес се одржа второто издание на Фестивалот на убавина за мачки, каде што љубителите на мачки се собраа за
Go toTop