Делегација на Анадолу ја посети Сириската новинска агенција со цел зајакнување на соработката

January 6, 2025
2 mins read

ДАМАСК (АА) – Делегација предводена од Јусуф Озхан, заменик генерален директор и главен уредник на Анадолу, оствари средба со претставници на Сириската новинска агенција (САНА) во главниот град на Сирија, Дамаск.

Озхан, директорот за интернационални вести, Фарук Токат, и придружна делегација ја посетија САНА и разменија мислења со генералниот директор на агенцијата, Зијад Мухејмид.

За време на средбата, Озхан изрази желби новата ера во Сирија да биде поволна за сите. Истакна дека е среќен што е сведок на големите надежи што се појавија во сите сектори на општеството и кај медиумските работници по падот на режимот на партијата Баас.

Озхан истакна дека е среќен што во новата ера има можност да соработува и споделува искуства со своите колеги во Сирија, слободно.

Говорејќи за меѓународната структура на Анадолу, Озхан рече дека новинската агенција работи во 137 земји и има канцеларии и центри за емитување во 39 земји.

Тој истакна дека Анадолу е водечки меѓународен референтен извор во зоните на конфликти и дека агенцијата придава посебно значење на активностите за покриеност со вести од Сирија, Украина и Палестина.

Нагласувајќи дека благодарение на мрежата на Анадолу во Газа, геноцидот извршен од Израел е изнесен пред очите на светот со сета своја ноторност, Озхан рече дека фотографиите на Анадолу се употребени како докази пред Меѓународниот кривичен суд (МКС) во судскиот процес против Израел.

Озхан изјави дека Анадолу обезбедува програма за обука за воено новинарство за новинарите, фоторепортерите и снимателите кои работат во конфликтните зони во Академијата за вести на Анадолу, и дека придонесуваат за способноста на нивните колеги да ги извршуваат своите должности на најбезбеден и најефикасен начин со отворањето на оваа обука за новинарите од целиот свет.

Нагласувајќи дека Анадолу ќе продолжи да ја зајакнува својата новинска организација низ земјата, во новата ера во Сирија, Озхан рече: „Работата на нашиот новинарски тим во Сирија ќе биде многу важна за пренесување на вистинските случувања во Сирија на светот. Во овој контекст, нашата соработка и солидарност со САНА се многу значајни за нас“.

– „Не пријателска, туку сестринска агенција“ –

Генералниот директор на САНА, Мухејмид, изјави дека агенцијата продолжува со својата работа со 560 вработени и дека соборениот режим на Башар ал-Асад ја ослабел институционалната инфраструктура, но дека тие ќе го поправат тоа што е можно поскоро и силно ќе го продолжат својот пат.

Мухејмид ја потврди нивната посветеност за точно презентирање на позитивната агенда на Сирија на домашен и меѓународен план, изразувајќи го своето задоволство за силно партнерство со Анадолу.

„Агенција Анадолу за САНА не е пријателска, туку сестринска агенција“, рече Мухејмид, заблагодарувајќи се на Анадолу за нејзината работа во Сирија.

САНА планира да ги посвети следните три години на документирање и објавување на злосторствата и кршењето на човековите права извршени од режимот на партијата Баас во текот на 61 година, со цел да ги презентира овие докази до Меѓународниот кривичен суд (МКС), рече тој.

На крајот на состанокот, Озхан му ја подари на Мухејмид книгата „Доказ“ на Анадолу, во која се детално документирани злосторствата на Израел во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Земјотрес вечерва го “стресе“ Скопје

Следно

Ердоган: Туркије ќе продолжи со напорите за мир во Газа додека не се постигнат резултати

Latest from Blog

Хоџа: Државата и во 2026 со силна финансиска поддршка за националните паркови

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, на работен состанок со директорите на националните паркови Пелистер, Маврово, Галичица и Шар Планина, ја потврди силната и континуирана поддршка на Министерството за

Автомобил удри во супермаркет во Лос Анџелес- најамалку тројца загинати, возач била 92 годишна баба (ВИДЕО)

Се вели дека жената зад воланот имала 92 години. Несреќата се случила кратко по пладне по локално време на „Ранч Маркет“ број 99 на булеварот Вествуд, кога возилото се удрило во зградата,

Рекордна посетеност на Собранието во 2025

Собранието и во 2025 година ги отвори своите врати за организирани посети и едукативни тури и продолжи да им овозможува на граѓаните одблизу да се запознаат со просториите и работата на законодавниот

Македонско друштво ‘Илинден’-Тирана ги додели наградите и благодарниците ‘Илинден’ за 2026 година

Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана ги додели годинешните награда “Илинден” и благодарница “Илинден”. По повод седумнаесетгодишнината од основањето и плодната работа на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана, неговите Управни органи и претседателот г-дин Никола Ѓурѓај, донесоа

Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана додели Награда “Илинден” и Благодарница “Илинден” по повод седумнаесетгодишнината

Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана ги додели годинешните награда “Илинден” и благодарница “Илинден”. По повод седумнаесетгодишнината од основањето и плодната работа на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана, неговите Управни органи и претседателот г-дин Никола Ѓурѓај, донесоа
Go toTop