ДЕЛА СО ФОКУС НА ПРИРОДАТА ОД КОЛЕКЦИЈАТА НА МСУ СКОПЈЕ УТРЕ ЌЕ СЕ ИЗЛОЖАТ ВО МУЗЕЈОТ МЕТЕЛКОВА ВО ЉУБЉАНА

April 23, 2025
1 min read

Изложбата „Ткаење светови: Колекции во разговор“ со  дела од 87 автори од колекцијата на Музејот на современата уметност во Скопје (МСУ Скопје) ќе се отвори утре  (24 април) во 20 часот, во Модерна галерија + Музеј на современа уметност Метелкова во Љубљана, Словенија.

Во „Ткаење светови: Две колекции во разговор“ се вклучени дела од 87 автори, од кои најмногу дела од Македонија и од речиси сите поранешни југословенски републики, дополнети со дела од уметници од Бразил, Полска, Боливија, Судан, Уругвај, Албанија, Јапонија, Јужноафриканска Република, Иран, Куба, Шпанија и од Романија.

Изложбата ги истакнува делата изработени од природни материјали, како и дела кои го одразуваат ангажманот на уметниците со природата.

Куратори на изложбата се Ивана Васева, Благоја Варошанец, Ива Димовски и Владимир Јанчевски од МСУ и Бојана Пишкур од Модерна галерија.

Делата во Љубљана ќе бидат изложени десет месеци, до 8 февруари 2026. Изложбата е дел од програмата од национален интерес на Министерството за култура и туризам на Македонија и конципирана е како реципроцитетна. Дела од колекцијата на словенечкиот музеј наесен ќе бидат изложени во МСУ – Скопје.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Меџити за Таравари: Не може да соработува со ДУИ и да биде дел од Влен и од Владата  

Следно

Ќе се доцни ли со правосудните реформи? Мицкоски: Обвинителството и судството се неми и неефикасни

Latest from Blog

Нова урбана зона во Битола – конкурс за најдобро идејно решение

Основна цел на конкрсот е да се добие квалитетно урбанистичко – архитектонско и пејсажно решение за нова спортско-рекреативна зона во АРМ – Битола, со компатибилни мали комерцијални и деловни намени, следејќи ги

Сeјфулаху: Кризата на Блискиот Исток и глобалното влијание – психолошка перспектива

Тензијата на Блискиот Исток и нејзините ефекти врз глобалната економија, особено во секторот на нафта и енергија, создадоа бран на несигурност и анксиозност кај луѓето ширум светот. Зголемувањето на цените, економската нестабилност

САД подготвуваат копнена офанзива против Иран?

 Американскиот претседател и натаму тврди дека преговорите со Техеран добро напредуваат, Иран категорично негира, а разногласијата повторно ја вивнаа цената на нафтата на 110 долари за барел, особено по информациите дека Пентагон
Go toTop