Дел од паркиралишта на „Градски Паркинг“ слободни за паркирање во петок

April 13, 2023
1 min read

Од ЈП „Градски Паркинг“ информираат дека за време на велигденските празници, јавните паркиралишта Народен фронт, АМСМ, Дом на печат, ЗОИЛ, Тутунски комбинат и „8 Септември“, ќе бидат слободни за паркирање во петок на 14 април 2023 година, додека Кочо Рацин, Градска Болница, клинички центар „Мајка Тереза“ , Треска и катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“, ќе работат со редовно работно време од 00 до 24 часот.

-На 15 април 2023 година (сабота), јавните паркиралишта Народен фронт, АМСМ и Дом на печат, ќе бидат слободни за паркирање. Тутунски комбинат и ЗОИЛ ќе работат со работно време од 07 до 14 часот, додека пак, „8 Септември“, Кочо Рацин, Градска Болница, клинички центар „Мајка Тереза“, Треска и катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“, ќе работат со редовно работно време од 00 до 24 часот. Јавните површини наменети за паркирање – Зоните А,Б и Ц, ќе бидат со редовно работно време од 07 до 14 часот , а зона Д од 07 до 23 часот.

Во недела, 16 април 2023 година, јавните паркиралишта Кочо Рацин, Градска Болница, клинички центар „Мајка Тереза“ , Треска и катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“, ќе работат со редовно работно време од 00 до 24 часот. Јавните површини наменети за паркирање – Зони А, Б и Ц, нема да работат.

Во понеделник, 17 април 2023 година, јавните паркиралишта Кочо Рацин, Градска Болница, клинички центар „Мајка Тереза“, Треска и катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“ ќе работат со редовно работно време од 00 до 24 часот. Јавните површини наменети за паркирање – Зони А, Б и Ц, нема да работат.

Јавната површина наменета за паркирање – Зона А0 Водно, во сабота на 15 април, недела 16 април и понеделник 17 април 2023 година, ќе работи со редовно работно време од 08 до 16 часот, се вели во соопштението на ЈП „Градски Паркинг“.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Милијарда евра одобрени за набавка на муниција за Украина

Следно

Бајден се сретна со претседателот на Ирска, Хигинс, најавено негово обраќање пред Парламентот

Latest from Blog

Полска размислува за повторно воведување гранични контроли со Германија и Литванија поради миграцијата

ИСТАНБУЛ (АА) – Премиерот на Полска, Доналд Туск, објави дека неговата Влада размислува за повторно воведување гранични контроли со Германија и Литванија поради сè поголемата загриженост за илегалната миграција, пренесува Анадолу. На

Рама: Никогаш не сме биле поблиску до ЕУ

Албанскиот премиер Еди Рама, од Скопје каде што се одржува самитот на лидерите на ЕУ и Западен Балкан, нагласи дека никогаш не сме биле поблиску до ЕУ. Рама вели дека има позитивна

Плажата Оревче ја најави секојдневната програма за летото 2025, многу причини за пливање и танцување

Плажата Оревче ја најави секојдневната програма за летото 2025, многу причини за пливање и танцување, а сите што веќе биле на оваа плажа знаат колку е добро да се танцува на Оревче

Младите и евроскептицизмот: Над 40% со позитивен став кон ЕУ, но без верба во брза ЕУ интеграција на земјата

Резултатите од онлајн анкета спроведена на крајот на месец јуни 2025 година со учество на над 1.000 млади лица од земјава потврдуваат постоење на евроскептицизам помеѓу младите луѓе, различни очекувања за членството
Go toTop