Дел од општините сè уште немаат мерни станици – Дали воздухот во Македонија е многу позагаден отколку што мислиме?

November 26, 2024
5 mins read

Енормното загадување на воздухот е реалност што нè чека и оваа зима, иако не е официјално започната, речиси секој ден, освен кога има дожд и ветер граѓаните се гушат во висока концентрација на ПМ 10 и ПМ 2,5 честички.

Соња ТАНЕСКА

Податоците за квалитетот на воздухот се собираат преку автоматски мониторинг станици поставени низ државата. Овие станици мерат параметри како PM10 и PM2.5 честички, јаглерод диоксид и сулфур диоксид. Но, системот на мониторинг има повеќе недостатоци, не постои редовен процес за проверка на точноста на инструментите, податоците се основни и не овозможуваат целосна анализа, така што бројките може да се и повисоки и пострашни отколку што ги гледаме.

Во Македонија во текот на 2024 година нема поставено нови мониторинг станици за мерење на квалитетот на воздухот, а надлежностите помеѓу националните и локалните власти остануваат нејасни, додека централната власт вели дека ќе почен да го решава проблемот со гасификација, дел од општините и оваа година поделија субвенции за набавка на дрва, а сите чекаат странска финансиска помош за подобрување на системот за следење на аерозагадувањето, а кога ќе ја добијат најчесто садат дрвја и тука завршува нивната борба со загадениот воздух.

Според екологистите, недостатоците на системот за мониторниг всушност не го прикажуваат вистинското загадување, а овие страшни бројки кои ги гледаме може да се и повисоки, а последиците пострашни.

Државниот мониторинг систем за амбиентен воздух управуван од Министерството располага со 21 фиксна и една мобилна станица во Ѓорче Петров. Иако овие мерни единици служат за изготвување извештаи за загаденоста, транспарентноста во објавувањето на податоците често изостанува.

-Сите мерни станици се во функција, единствено мерната станица Велес 2, од 9 -ти ноември поради проблем со уредот за превземање на податоци во мониторинг станицата за квалитет на воздух, нема можност да се воспостави комуникација со базата за собирање на податоците и заради тоа податоци за измерените концентрации на загадувачките супстанци не се прикажуваат на порталот за квалитет на воздух. Во моментов сервис- инженерите работат на отстранување на проблемот, велат од Министерството за животна средина за Рацин.мк.

Тие додаваат дека во одредени мерни станици поедини инстументи не се функција, но се работи на одстранување на пречките, а дека сервис и калибрација на мерните инструменти се одвива во континуитет и дополнитлно по потреба.

Сепак во Скопје, големи населени подрачја како Бутел, Сарај, Чаир и Шуто Оризари немаат ниту една мерна станица. Во делови од овие општини, како Визбегово, редовно се пали отпад на отворено, што го влошува квалитетот на воздухот, а недостигот на прецизни податоци од мерните станици го отежнува утврдувањето на последиците за здравјето на локалното население. Слична ситуација е и во Тетово, еден од најзагадените градови во Македонија, кој има само една станица за мерење на воздухот.

Според досегашната пракса, ако ја земеме за пример минатата зима, месечните извештаи беа нецелосни, со недостиг на податоци за одредени загадувачки супстанции. Понекогаш се појавуваа идентични мерења за ПМ-10 и ПМ-2.5 честичките, што е технички невозможно. Овие аномалии ја поткопуваат веродостојноста на системот, а граѓаните остануваат без јасна слика за тоа што дишат.

-Според податоците од Министерството за Животна Средина имаме навистина добра покриеност во однос на број на мерни станици за толку мала земја, проблемот низ годините беше одржувањето на мерните станици, па долго време не работеа, но тој проблем е надминат така да бројките, односно мониторингот на квалитетот на воздухот, говори дека трендот од 2012 година до денес за загадувањето во земјава особено на ПМ 2,5 честичките се намалува, вели Димовска.

Таа додава дека овој тренд може да се должи и на потоплото време, односно климатските промени, но и на имплементација на одредени мерки, и токму поради тоа се приближивме кон горната граница на европската директива, а тоа е средна годишна концентрација на загадувачки честички од 24-25 микрограми на метар кубен, но на почетокот на годинава Европската унија донесе одлука во која ги задолжува земјите членки да се приближат што е можно поблиску до новата гранична вредност на Светската здравствена организација. Имено, според упатството на Светската здравствена организација концентрацијата на ПМ2,5 честичките треба да биде само 5 микрограми на метар кубен воздух.

-Бидејќи е невозможно дури и високоразвиените земји да го достигнат ова ниво на СЗО, токму затоа се донесе регулатива границата на концентрацијата на овие честички да биде 10 микрограми, така што Северна Македонија има доста работа бидејќи ова е таргет до 2030 година, вели таа.

Што прават локалните власти?

Општина Кисела вода пак е заглавена во апсурдите, и оваа есен делеше субвенции за дрва, а на почетокот пак на годината со цел да се контролира загаденоста на воздухот во близина на Цементарница УСЈЕ АД, постави мерна станица во парцелата на компанијата. За жал во другите општини нема иницијатвиви ниту пак конкретни мерки за справување со воздухот, туку се чека на странските донатори и приватните иницијативи кои се клучни за справување со проблемот.

Преку проект на УНДП, финансиран од Шведска, беа извршени мерења во пет градови, но без поставување нови фиксни станици. Дополнително, проектот вклучуваше и мерења на загадувањето во затворени простории, што треба да им помогне на општините да развијат поефикасни стратегии за намалување на аерозагадувањето.

„Во просек ги надминуваме препораките на Светската здравствена организација, скоро за двапати, така што неопходно е да се преземат мерки коишто би ги направиле условите во училиштата и во градинките да бидат здрави и безбедни за децата и за наставниците“, вели проф. Дејан Мираковски, ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“, којшто учествуваше во изработката на студијата на УНДП. Минатата година биле извршени мерења во пет општини – Куманово, Гостивар, Струмица, Кавадарци и Струга. Целта била да се утврди каков е квалитетот на воздухот што го дишат децата и наставниците во училиштата и градинките.

Генерално дишеме загаден воздух и внатре и надвор, со тоа што внатрешниот воздух би можел да биде уште поголем проблем, бидејќи во зимскиот период подолг период престојуваме внатре, отколку на отворено. За разлика од надворешниот воздух, во внатрешните простории има услови за преземање на повеќе мерки – од современи системи за вентилација и филтрација на воздухот со хепа филтри, кои можат според повеќе студии, во реални услови да намалат и 80-90 проценти од концентрацијата на суспендирани честичкиОпасноста од загаден воздух демне и во затворените простории речиси на исто ниво како и на отворено.

И претходите истражувања на штипскиот универзитет покажаа дека најголемо учество во загадувањето на воздухот има согорувањето дрва – околу 30 отсто, а потоа следат минералната прашина и сообраќајот. Согорувањето на дрва е најголем загадувач во зимските месеци, а сообраќајот и минералната прашина ги загадуваат воздухот во текот на летните месеци.

И студијата за најголемите извори на загадувањето во главниот град, објавена пред две години, покажа дека греењето на дрва, односно согорувањето на биомасата претставува најголем извор на загадувањето на амбиенталниот воздух во Скопје. Но, постојат и други значајни извори како согорувањето на нафтата и мазутот во разни процеси, минералната прашина која потекнува од градежните активности, ресуспензија на прашината од улиците и еолската (ветрова) ерозија на невегетираните површини. Исто така, загадува и палењето оган на отворено. бидејќи покрај согорување на земјоделски и градинарски отпад, има согорување и на многу други отпади, како што е бакарот.

Истражувањата покажуваат дека половина од основните училиштата во урбаната зона се греат на нафта или мазут. Граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ на својата мапа на загадувачи лоцираше околу 700 јавни објекти во Северна Македонија кои се загадувачи, бидејќи се греат на мафта и мазут. Околу стотина јавни објекти како болници, градинки, училишта, касарни, судови и други установи во Скопје користат нафта и мазут за затоплување и покрај тоа што градот има централно парно греење. Објекти што го загадуваат воздухот има и во другите градови. Ако е студена зимата тие може да изгорат над 16,5 милиони литри нафта и над 4,8 илјади тони мазут.

Врховниот суд неодамна утврди начелен став со кој се отвораат вратите за граѓаните да можат да ја тужат државата поради загаден воздух.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Парламентарци од Чешка во посета на Собранието на Македонија

Следно

Сончево со мала локална облачност, температурите до 14 степени

Latest from Blog

СПРЕЧЕН ШВЕРЦ: Тоалетни води „Викторија сикрет“, чанти „Луј Витон“, цигари, мигранти… цариниците со полни раце работа (ФОТО)

Царински службеници на влез на граничен премин Табановце и на граничен премин Богородица во три случаи спречија обид за криумчарење на 442 парчиња облека. Во првиот случај при контрола на автомобил управуван

НАТО и Украина ќе разговараат по нападот со новата руска ракета

Амбасадорите на Украина и 32-те членки на НАТО денеска во Брисел ќе имаат состанок по руското истрелување минатата недела на експериментална хиперсонична ракета со среден дострел. Русија во четвртокот изврши напад врз

Пет месеци по неговиот избор: Претседателката Силјановска-Давкова ќе го прими Филипче во Вила Водно

Денеска ќе се одржи работна средба помеѓу претседателот на СДСМ, Венко Филипче и Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска – Давкова, извести СДСМ. Ова е прва средба на новиот претседател на СДСМ

Парламентарци од Чешка во посета на Собранието на Македонија

Делегација на Комисијата за надворешни работи, Дом на пратеници од Парламентот на Чешката Република, денеска ќе го посети Собранието на Република Македонија. Како што е најавено, чешката парламентарна делагација ќе биде примена
Go toTop