Дел од европратениците побараа истрага за наводите за изборни нерегуларности во Србија

December 19, 2023
1 min read

Европската Унија објави нема да се произнесе во врска со изборите во Србија додека мисијата ОБСЕ/ОДИХР не ги презентираат прелиминарните изборни резултати. САД, пак, не ги коментираа наводите за изборни нерегуларности, а портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер, за новинарите единствено изјави оти САД со нетрпение очекуваат да соработуваат со Србија за консолидирање на демократијата во земјата

Пратениците на Клубот на социјалдемократите во Европскиот парламент (ЕП) повикаа на независна истрага за сите пријавени нерегуларности за време на изборите во Србија, истакнувајќи дека извештаите и наводите за изборни измами се сериозно загрижувачки, објави регионалниот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ).

Европски парламент / Фото: Архива

Во соопштението на втората по големина партија во Европарламентот, кое го пренесува РСЕ, групата пратеници ја изразуваат поддршка за луѓето во Србија кои бараат правда, демократија и европска иднина.

Пратеникот Андреас Шидер од редовите на оваа партија и член на мисијата на ЕП која ги набљудуваше изборите во Србија, ги оцени како вознемирувачки извештаите за изборни измами и обиди на српскиот претседател Александар Вучиќ да влијае на изборните резултати.

„Во демократскиот свет не смее да се дозволи крадење гласови, поткуп и корупција“,

вели Шидер.

Додава дека се исклучително загрижени поради „пријавениот притисок врз гласачите, говорот на омраза во кампањата, малтретирањето на новинарите и граѓанското општество во Србија, злоупотребата на административни ресурси и можното руско или друго странско злонамерно мешање и манипулација“. Посебно, како што вели, загрижувачки се наводите за изборната измама во Белград.

„И покрај сите грижи, социјалистите и демократите сè уште се надеваат дека Србија може да покаже вистинска посветеност на својот пат кон ЕУ“,

додава Шидер.

Европската Унија објави нема да се произнесе во врска со изборите во Србија додека мисијата ОБСЕ/ОДИХР не ги презентираат прелиминарните изборни резултати.

Соединетите Американски Држави, пак, не ги коментираа наводите за изборни нерегуларности за време на изборите во Србија. Портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер, за новинарите единствено изјави оти САД со нетрпение очекуваат да соработуваат со Србија за консолидирање на демократијата во земјата.

„Очекуваме континуирана соработка со следната српска влада за зајакнување на демократското владеење и владеењето на правото и подобрување на регионалната стабилност“,

изјави за новинарите портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.

Еден од прелиминарните заклучоци на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР за изборите во Србија, меѓу другото, е дека се констатирани злоупотреби на јавните ресурси, отсуство на граница меѓу извршувањето на јавната функција и активностите во кампањата, но и притисоци врз гласачи и купување гласови.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

80-годишен пешак е тешко повреден откако бил прегазен во скопско Миладиновци

Следно

Тројца скопјани вчера настрадаа од улични кучиња

Latest from Blog

Макрон ќе најави рекордни 37 милијарди евра странски инвестиции во Франција

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ќе најави рекордни 37 милијарди евра странски инвестиции на годишниот самит „Избери ја Франција“ (Choose France), во момент кога локалната економија се соочува со висок дефицит, слаб

МВР со апел за безбедни матурски прослави

„На матурска прослава без автомобил!“, „Без конзумирање алкохол!“, Без користење наркотични средства!“, „Без нарушување на јавниот ред и мир!“, е апелот од МВР за безбедни матурски прослави. Како што информираат од МВР,

Турскиот претседател Ердоган упати честитки по повод Денот на младите и спортот и Денот на сеќавање на Ататурк

ИСТАНБУЛ (AA) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес упати честитки по повод Денот на младите и спортот на Турција и Денот на сеќавање на Ататурк, јавува Анадолу. Во пораката објавена преку
Go toTop