Декември ќе донесе ниски температури и снег – еве ја прогнозата до крајот на годината

November 22, 2025
1 min read

Се приближуваме кон крајот на ноември, почетокот на декември и завршницата на 2025 година. Светските метеоролошки сервиси најавуваат студен и нестабилен декември.

Во првата половина од месецот се очекува пад на температурите – утринските ќе се спуштат благо под нулата, а дневните ќе се движат до околу десеттиот степен.

Втората половина од декември ќе донесе облачно и нестабилно време со врнежи од дожд. Температурите дополнително ќе опаѓаат.

Околу 24 декември се очекува и првиот снег, кога утринските температури може да достигнат и до минус пет степени.

Неделата пред Нова година ќе биде ладна и променлива, со повремени врнежи од дожд. Утринските температури ќе бидат под нулата, а дневните ќе достигнуваат до околу 7 степени.

Новогодишната ноќ ќе биде облачна и студена, а 2026 година ќе започне со врнежи од дожд.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Бриџит Џоунс“ доби статуа во Лондон- Рене Зелвегер: Послатка е од мене (ВИДЕО)

Следно

Почеток на сезоната на Стрелците: Што ги очекува хороскопските знаци?

Latest from Blog

Италија и уште шест земји се спротивставија на нови ограничувања за идните членки на ЕУ

Италија, заедно со Австрија, Хрватска, Чешка, Грција, Словачка и Словенија, се спротивстави на предлогот на Франција, Германија и земјите од Бенелукс за воведување нови рестриктивни механизми во процесот на пристапување на идните

Чад ги прекри САД и Канада- на граѓаните им се препорачува да не излегуваат од дома (ВИДЕО)

Чадот од шумските пожари што беснеат во Канада и американската држава Минесота покри големи делови од Средниот Запад и Североисток, сериозно деградирајќи го квалитетот на воздухот и изложувајќи милиони луѓе на опасни
Go toTop