Декември 2025 натпросечно топол и потпросечно врнежлив

February 6, 2026
1 min read

Декември минатата година бил натпросечно топол и потпросечно врнежлив, покажуваат мерењата и набљудувањата на среднодневните температури и врнежи во метеоролошките станици на Македонија.

Во споредба со просечните декемвриски средномесечни температури за триесетгодишниот период 1991 – 2020, во 2025 година декемвриска температура била 1,3 степен повисока од просечната на ниво на држава, а месечното ниво на врнежи бил 50 отсто од просекот во однос на декемвриската просечна вредност во периодот 1991 – 2020, која изнесувала 65 мм.

– Декември се карактеризира како нормално до топол (со исклучок на Маврово, каде што е многу тополо за овој период од годината) и просечно врнежлив месец на југоистокот до сушен на западот и во централниот дел и многу сушен во Крива Паланка и Охрид во однос на просекот 1991 – 2020. Средномесечната температура се движеше од 1,8°С во Маврово до 6,9°С во Гевгелија. Највисоката максимална температура беше измерена на 11 декември во Гевгелија и изнесуваше 16,7 степени. Најниската минимална температура во текот на месецот беше измерена во Маврово, на 31, и изнесуваше -11,5 стпени. Во декември 2025 месечното ниво на врнежи во државата варира од 10 мм во Охрид до 101 мм во Гевгелија. Врнежите беа од дожд и снег. Максимално дневно количество врнежи од 36 мм беше измерено во Гевгелија на 25 во месецот. Максималната дневна снежна покривка од 16 см беше измеренa на 8 декември во Маврово – информира УХМР.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нови авиолинии, повеќе туризам, посилна трговија: Николоски и амбасадорот на Црна Гора за поблиски врски меѓу двете земји

Следно

Арафат: Недостатокот на противпожарна заштита е заеднички за трагедиите во Кочани, Букурешт и Кран-Монтана

Latest from Blog

ЛШ Полувреме: Мбапе и Валверде ги казнија грешките на Интер, Порто издржа против Сити (ВИДЕО)

Реал Мадрид има убедлива предност од 2:0 по првите 45 минути на натпреварот против Интер во воведното коло од Лигата на шампионите. Можеби резултатот не ја отсликува целосно сликата на теренот затоа

Остра реакција на Исланд поради објавата на Трамп- повикан на разговор американскиот амбасадор

Исланд го повика американскиот амбасадор во Рејкјавик на разговори откако претседателот Доналд Трамп објави фотографија на социјалните мрежи на која се гледа Исланд и други земји под знамето на САД, објави исландскиот

Коњановски: Да продолжиме да ја градиме Македонија како земја на слобода и правда

БИТОЛА – По повод 35-годишнината од независноста на Македонија, денеска бројни делегации положија свежо цвеќе пред споменикот на НОАВМ во Битола. Почит на значајниот датум од македонската историја оддадоа градоначалникот на Општина

Британија сака да го санкционира Израел, од таму одговорија: Ќе ги признаеле Фокландските острови за аргентински

Реакцијата следеше по медиумските извештаи дека Лондон се подготвува да воведе нов пакет санкции против Израел. Остри одговори од израелските министри Министерот за финансии Безалел Смотрих побара итно протерување на британскиот амбасадор.
Go toTop