Дечињата од штипската градинка „Вера Циривири Трена“ направија детска џиновска пастрамајлија

September 19, 2025
1 min read

Дечињата  во дворот на градинката, со музика и забава ја подготвија пастрмајлијата, која ќе биде изложена на шеталишето „Ванчо Прќе“.

-Веќе неколку години по ред детската градинка „Вера Циривири Трена“ во знакот на зачувување на духот на Пастрмалијадата подготвуваат детски пастрмајлии. Дечињата од големите групи оваа година за првпат прават детска џиновска пастрмајлија. Се надевам дека проектот ќе биде успешен и дека ќе биде убава, вкусна, детска пастрмајлија која ќе ја пробаат сите, изјави Ивана Ангеличкова директор на градинката „Вера Циривири-Трена“-Штип.

Пастрмајлијата е направена со осум килограми месо, а истата треба да биде три метри долга. Дечињата од детската градинка „Вера Циривири Трена“ утре ќе настапат и на шеталиштето.

-Во неа е употребено осум килограми месо, шест килограми тесто, се очекува да биде со димензии од 80 сантиметри широка и околу три метри долга. Во знак на традицијата исто така нашиот музички педагог изготви песничка посветена на пастрмајлијата, рече Ангеличкова.

Секоја година во рамки на одбележување на оваа манифестација се прават разни настани. Годинава за првпат се изготви детската џиновска пастрмајлија. 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Додик официјално се ПОВЛЕЧЕ од претседателската функција

Следно

Фото: Нивес Целзиус покажа колку може да ја крене ногата

Latest from Blog

Аксиос: Турција, Египет и Пакистан посредуваат меѓу САД и Иран за смирување на конфликтот

Високи претставници на трите земји одржаа одделни разговори со претставникот на Белата куќа, Стив Виткоф, и шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, наведе извор пренесен од американскиот портал. „Медијацијата е во тек

Повторно ќе сведочи ,,клучниот” сведок за грабнувањето на внукот на Љубе Бошкоски, Самоил

Поминаа три години од денот кога му се изгуби секаква трага на Самоил Костадиновски, кој е внук од брат на сопругата на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски. Тој бил киднапиран,
Go toTop