Дебата во Собранието за Кластер 1 „Темели“: Правосудството мора да биде независно

December 11, 2024
2 mins read

Во денешната дебата во рамки на Седмата пленарна конференција учесниците дебатираа за „Предизвиците на владеење на правото на Западен Балкан: Нови хоризонти за старите прашања“, на тема „Кластер 1: Фундаментални вредности на ЕУ – соочување со новите предизвици во контекст на проширувањето“. Настанот кој се одржа во македонското Собрание беше во организација на Националната конвенција за Европската унија во Северна Македонија (НКЕУ-МК).

Учесниците генерално беа согласни дека правосудството мора да биде независно, непристрасно, професионално и ефикасно и да биде ослободено од секаков политички притисок и дека во државава постојат добри закони на хартија, но проблемот е во нивната имплементација.

Директор на Словачката асоцијација за надворешна политика, Томаш Стражај, истакна дека доколу како држава се справиме добро со владеењето на правото, тогаш процесот на пристапување кон ЕУ, станува полесен.

„Не е случајно што Кластер 1 се нарекува Темели, без темелни вредности не можете да развиете успешен проект, не можете да изградите здрава куќа ако немате добри темели“, рече Стражај.

Според Стражај, дури и земјите-членки не се имуни по прашањето на владеење на правото, но затоа, вели, ‘Европската Унија разработи многу ефективен одговор на тоа’.

„Ако земјите-членки работат во согласност со овие темелни вредности, постои механизам кој може да се употреби, со цел оние земји-членки кои не се во согласност со тоа, да бидат натерани да размислуваат да го поправат своето функционирање. Истото важи и за земјите-кандидати. Тоа значи дека владеењето на правото и темелните вредности не се важни само за процесот на пристапување, туку и во самото членство“, рече Стражај.

Судијката при Основниот кривичен суд, Скопје, Оља Ристова, истакна дека иако постојано се зборува за реформи во правосудниот сектор, секогаш има влијание на извршната власт врз судството.

„Вообичаено ова влијание се прави преку разни механизми на власта и индиректно, а потпомогнато со клиентелизмот на одредени носители на судските јавнообвинителските функции. Со измените на Kривичниот законик од 7 септември 2023 година извршната власт директно се вмеша во работата на судовите. Имено овие измени директно влијаеа на исходот на кривичните постапки поврзани со висока корупција кои беа во тек. Поголемиот дел од овие постапки беа запрени поради настапување на застареност на кривичното гонење“, рече Ристова.

Државната советничка за извршување, нотаријат и медијација при Министерството за правда, Радица Лазареска Геровска, смета дека кога зборуваме за недоследностите во владеењето на правото, проблемите се истите низ годините наназад, но дека од државата се очекува совладување на истите, за да се отпочне долгоочекуваниот процес на преговори.

-„Министерството за правда е посветено на обезбедување добра и квалитетна рамка за работа на правосудните инстиуции и нивно успешно функционирање. Утврдени се цел сет мерки во насока на владеење на правото, унапредување, трансформација, разрешување на судии и обвинители, со цел да се унапреди судството и обвинителството во согласност со ЕУ“, рече Лазареска Геровска.

Претседателот на Асоцијацијата на судски помошници во Србија, Стефан Гојковиќ, рече дека правосудството мора да биде независно, непристрасно, професионално и ефикасно.

„Тоа мора да биде ослободено од секаков политички притисок. Што се однесува до непристрасноста, мора да постои јасен систем на напредок“, рече Гојковиќ.

Експертот од Директоратот за политики и стратегии во областа на правдата, при Министерство за правда на Албанија, Саимир Топузи, рече дека во недостиг на независнио судство, правдата станува недостижна за граѓаните. 

„Албанија ги направи првите чекори, ги има адресирано препораките од извештајот од ЕУ, како и патоказот за правна држава. Правната држава е постојан процес и цел за да имаме успех, потребно е институциите да ги здружат силите и да изградат поодржлива правда за сите нас во регионот“, вели Топузи.

Дарко Аврамовски од граѓанското здружение „Сите за правично судење“, оцени дека владеењето на правото не е само прашаење на судството и на судовите – неуспехот на полицијата да се справи со сообраќајниот хаос, вели тој, е исто така прашање на владеење на правото, пушењето во канцеларија е прашање на владеење на правото…

„Цел Западен Балкан се соочува со исти проблеми и тие не заслепуваат да не се подготвиме на предизвиците на иднината. Чувството на одговорност е важно за системот да функционира. Судовите не можат да го разбудат чувството кај граѓаните дека правдата е задоволена, тоа е последица на однесувањето на сите лица кои се засегнати со тоа. Како држава имаме слаба реакција во јавноста, има отсуство на системски одговор, не гледаме како системот во пракса функционира и мора сите да преземеме одговорност и начин како да го поправиме тоа“, оценува Аврамовски.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Турскиот претседател Ердоган: Етиопија и Сомалија постигнаа договор во мировните преговори со посредство на Анкара

Следно

Ангелов: И СДСМ ја зголемуваше минималната плата, па изгубија најдрастично во историјата

Latest from Blog

Обид за убиство во Скопје: Турчин со капак од шахта се обидел да убие сонародник

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 35-годишен турски државјанин за кого постои сомнение дека сторил кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со

ЗАГРЕПСКИОТ МУЗЕЈ ЗА УМЕТНОСТ ПО 71 ГОДИНА ЌЕ ИЗЛОЖИ 24 ДЕЛА ОД СТУДЕНТСКИТЕ ДЕНОВИ НА ПРВАТА МАКЕДОНСКА АКАДЕМСКА СЛИКАРКА МЕНА СПИРОВСКА

Дваесет и четири дела од Мена Спировска (1928-2011), првата македонска академски образована сликарка, на 13 мај ќе се изложат во Културно информативниот центар (КИЦ) на Македонија во Загреб (19 часот). Изложбата е

Гореше бутик во Карпош

Денеска (10.05.2025) околу 04 часот во СВР Скопје било пријавено дека бил опожарен бутик на подрачјето на Карпош. Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат. Повредени лица нема. Извршен

Протест „Марш на ангелите“ во Кочани – семејствата на загинатите ја одбија поканата за средба со Мицкоски

Попладнево во кочани се одржува протестниот „Марш на ангелите“ на кој учествуваат родителите на загинатите во дискотеката „Пулс“ во кобната ноќ меѓу 16-ти и 17 март. Пред протестот родителите испратија соопштение во

Македонските каратисти на карате семинар во Виндзор

Македонските каратисти предводени од Венцислав, Дејан и Аљоша Недеви викендов учествуваат на врвен карате семинар во Винздор, Англија. Семинарот го водат Такаши Оиши 9 дан, шеф инструктор на Јапонија и повеќекратен светски
Go toTop