Дебата во 24 анализа: Дали некогаш ветувањата од изборните програми се исполнуваат

April 3, 2024
1 min read

Дебата на Даниела Колева од СДСМ и Благица Ласовска од ВМРО-ДМПНЕ во емисијата 24 анализа на ТВ 24.

– Ние имаме блокада во моментов на евроинтеграциите и очекуваме дека ќе направите влада по изборите, оти ако е точно ова што го најавува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе ја преговата одново рамката ние ќе загубиме 10-15 години и ќе се вратиме назад. Тоа значи дека тие сакаат ние повторно да станеме затворена држава каква што бевме во нивнот време. Не е точно дека ние ништо не направивме за граѓаните – донесовне низа економски мерки и имаме 100 отсто искористеност на ИПАРД програмите, вели Даниела Колева од СДСМ.

Таа додава дека има субвенции и за студентите, сите децаа се во градинка и за првпат има регрес за годишен одмор на администрацијата.

– Ние ќе го укинеме балансерот, а тоа не е само наше барање туку и од ЕУ сматаат дека балансерот ги исполни своите цели и сега треба да се премине кон метирократија. Но, јас би рекла дека нема ниедна досегашна влада на Македонија која има направено повеќе предавсства на македонскиот народ. Може ли да појдете во Ваташа и да им кажете на луѓето таму дека некои си таму администратпри извршиле убиства на млади? Време да се вратите во опозиција и таму ќе научите да си ја сакате државата, а ние преку проектите ќе ви покажеме како се работи и ќе ви ја донесеме ЕУ дома, вели Ласовска.

 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тајани: Предлогот на Италија јужниот фронт на НАТО да биде приоритет наиде на поддршка

Следно

Доаѓа целосно затемнување на Сонцето: Зошто овој феномен е значаен и каде ќе се види?

Latest from Blog

Проданоски: Со шведска поддршка градиме современ систем за управување со отпадот

Унапредувањето на управувањето со отпадот, можностите за нови инвестиции и користењето меѓународни фондови беа теми на работната средба на градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, со шведскиот амбасадор Ола Сулстром, заменик-министерката за животна

Божиновска: Заштитата на енергетската инфраструктура од сајберзакани е постојан приоритет

Заштитата на критичната енергетска инфраструктура мора да биде постојан приоритет, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на настанот „Сајбербезбедност во енергетскиот сектор: Од проценка до отпорност – Патоказ

Бакарот станува стратешка суровина за Европа: Македонија има потенцијал да биде дел од новите синџири на снабдување

Зголемената глобална побарувачка за бакар и други критични минерални суровини го става рударството во фокусот на европските економски и индустриски политики. Во услови на енергетска транзиција и брз технолошки развој, регионот на

Коњановски: Над 164 милиони денари за улична и патна инфраструктура во Битола

Над десет километри обновена и новоизградена патна инфраструктура, повеќе од три километри водоводна и канализациска мрежа и нови 220 паркинг места се дел од резултатите што ги издвојува градоначалникот на Битола, Тони

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи
Go toTop