Дебакл на Џо Бајден, Демократите во паника

June 28, 2024
1 min read

Штом на CNN ќе оценат дека настапот на Џо Бајден на соочувањето со Трамп во Атланта бил лош, слаб, катастрофален, дебакл…. јасно е колку е саат.

Еден од нивните уредници рече дека уште од првите минути на дебатата, меѓу партиските стратези, избраните функционери и оние кои собираат донации за партијата завладеала паника. Дилемата е дали да му се оди на Бајден и во очи да му се каже да се откаже од изборна трка или пак влијателни Демократи да почнат јавно тоа да го бараат.

И Гардијан оцени дека настапот на Бајден бил климав, тенок, неубедлив и пренесе дека расте притисокот тој да се повлече за да моѓе партијата да одбере кандидат за кој нема да биде баш толку сигурно дека ќе изгуби од Трамп.

Модераторите на CNN беа невообичаено коректни, ниту еднаш не го прекинаа Трамп или интервенираа во корист на Бајден. Тоа наведе неколкумина да помислат дека токму тоа била намерата (можно договорена со највисоките партиски структури): да се остави Бајден сам да изгори на сцената.

„Епска катастрофа. Бајден беше збунет, подзинат, не знаеше каде се наоѓа, најмалку двапати комплетно му избега мислата. Тој изгледа дека едвај преживува – не во дебатата туку во животот! Ни викаат дека ова се најважните избори во нашите животи, дека демократијата е во прашање и ќе излезете со човек кој не може да зборува и барем да изгледа нормално?,“ се слушна кај Младотурците.

 Многумина, меѓу кои и Расел Бренд не можеа да веруваат што гледаат:

Можеби најрепрезентативниот момент од дебатата беше кога Бајден повторно зашмелца по што Трамп сеирџиски прокоментира:

„Не сум сигурен што кажа на крајот, мислам дека и тој не знае.“

Веднаш после дебатата, шансите за Трамп да го победи Бајден пораснаа на нови рекордни 63% додека шансите на Бајден паднаа за повеќе од 10 процентни поени, од 48 на 37%.

Дајте друго деде.

*************

Целата дебата:

 

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Генерал-потполковник Ѓурчиновски во посета на НАТО корпусот за брзо распоредување во Солун

Следно

Пјер Гасли останува во Алпин

Latest from Blog

Руте одговори на критиките на Трамп за НАТО

Руте нагласи дека европските земји се подготвени да „се соберат и да разговараат“ какви конкретни чекори можат да преземат за да го одржат теснецот отворен и безбеден за меѓународен сообраќај. Неговата изјава

Лимани: Потпишан историски колективен договор, платите растат до 21 отсто

Министерството за социјална политика, демографија и млади, Синдикатот на администрацијата, државната управа и правосудството (САДУ) и Синдикалната организација на Министерството денеска потпишаа колективен договор за вработените, прв од ваков вид во Министерството.

Лимани: Потпишан историски колективен договор, платите растат до 21 отсто

Министерството за социјална политика, демографија и млади, Синдикатот на администрацијата, државната управа и правосудството (САДУ) и Синдикалната организација на Министерството денеска потпишаа колективен договор за вработените, прв од ваков вид во Министерството.

Берзански ден со мешани резултати: Промет од 16,34 милиони денари, Макстил во минус, Стопанска и Уни Банка со раст

Изготвен од Илирика Инвестментs АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.  На берзанската сесија од 26 март 2026 година, индексот МБИ10 оствари раст од 0,02% и заврши на 9.948,04
Go toTop