Изборачкото право го искористиле 71,78 отсто од партиските членови, а гласањето се поминало без нерегуларности.
За потпретседатели на ДПС се избрани Александра Вуковиќ-Куч, Иван Вуковиќ, Јевто Ераковиќ и Абаз Диздаревиќ. Живковиќ го поддржале 16.492 членови, а против биле 290. Иван Вуковиќ освоил 10.824 гласа, Александра Вуковиќ-Куч 10.723, Јевто Ераковиќ 9.866, Диздаревиќ 6.016.
Душан Раичевиќ освои повеќе гласови од Диздаревиќ – но не беше избран затоа што еден кандидат мора да биде од малцинствата.
„Најважно е ДПС по овој изборен ден да излезе многу посилна и подобра во својата содржина“, рече новоизбраниот претседател Живковиќ на прес-конференцијата за медиумите на која беа објавени резултатите од изборите во нивната партија.
Извор: kanal5.com.mk