Дали кечапот треба да се чува во фриждер или во шкафче?

September 5, 2025
1 min read

Имено, компанијата на својот интернет-простор прво ги праша потрошувачите дали го чуваат кечапот во фрижидер или во обично шкафче, па потоа веднаш се разви жестока дебата во коментарите на „Редит“ и другите платформи. Корисниците беа речиси подеднакво поделени на интернет-анкетите.

Според етикетата, отворено шише кечап треба да се чува во фрижидер и да се употреби во рок од осум недели.

– Има само еден точен одговор. Со задоволство ги информираме љубителите на „Хајнц томато“ дека нашиот кечап мора да се чува во фрижидер. Иако знаеме дека многу луѓе го чуваат во шкафче, препорачуваме да се чува во фрижидер по отварањето. Тоа е најдобриот начин да се зачува препознатливиот вкус на нашиот кечап, изјави Оливија Ленон, претставничка на „Хајнц“.

Сепак, „според експертите, не е потребно кечапот да се чува во фрижидер“, зашто тој „не само што содржи оцет, туку и доматите се природно кисели, што помага производот да се зачува на собна температура“, објави британската организација „Вич?“ (Which?).

Нутриционистката д-р Сара Шенкер објаснува: – Некои луѓе го чуваат во фрижидер затоа што им се допаѓа ладниот вкус, но навистина нема потреба да се чува во фрижидер. Тоа е прашање на личен избор, температурата во кујната и просторот што го имате.

Хајнц издаде соопштение уште во 2017 година.

„Поради својата природна киселост, кечапот Хајнц е стабилен на полица. Сепак, неговиот рок на траење по отворањето зависи од условите за складирање. Препорачуваме, како и секоја преработена храна, да се чува во фрижидер по отворањето. Ова го обезбедува најдобриот квалитет на производот“, советува производителот. 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Подготовки на српските ВВС за парадата – Од денеска до 20 септември над Белград ќе надлетуваат воени авиони

Следно

Софи Тарнер ќе ја глуми Лара Крофт

Latest from Blog

Коњановски: Почна изградбата на модерни игралишта во „Даме Груев“

Со почетокот на новата градежна сезона, започна изградбата на спортски игралишта во дворот на ОУ „Даме Груев“, проект кој се реализира во рамки на вториот владин повик преку Министерството за образование и

Димитриеска-Кочоска по разговорите со ММФ: Следуваат нови економски чекори

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска оствари конструктивен состанок со извршниот директор во Меѓународен монетарен фонд, Јерон Клик, на кој се разговарало за актуелните економски состојби и предизвиците со кои се соочува земјата.

Средношколците влегуваат во светот на бизнисот: започна „Бизнис предизвик за средношколци 2026“ со парична награда за старт-ап бизнис

Со учениците од СУГС „Никола Карев“ Скопје денеска започна националниот проект и хакатон-серијал „Бизнис предизвик за средношколци 2026“ образовна иницијатива што ги поврзува средните училишта со реалниот бизнис-сектор и им овозможува уште во
Go toTop