Дајмон: Европските лидери се економски „лузери“

July 14, 2025
1 min read

Извршниот директор на Џеј-пи морган, Џејми Дајмон, во Даблин даде отворена и директна процена за насоките на движење на Брисел, со посебен осврт за економската насока на Европа, предупредувајќи дека „Стариот Континент се соочува со сериозна криза на конкурентноста што го загрозува глобалниот углед на Унијата“.

Отрезнувачка порака дека во моментов европските лидери се економски „лузери“

– Губите! – им рече Џејми Дајмон од Џеј-пи морган на европските лидери во ирското Министерство за надворешни работи, истакнувајќи го драматичниот економски пресврт.
– Европскиот удел се намали од 90 отсто од американскиот БДП, на 65 отсто во последните 10 или 15 години. Тоа не е добро! – истакна тој.
Оваа јасна порака од магот од Волстрит ги нагласува растечките загрижености за способноста на Европа да се натпреварува со САД и Кина во сè пофрагментираната глобална економија.
Извршниот директор на Џеј-пи морган, Џејми Дајмон, дијагностицира дека падот е последица на структурните проблеми и регулаторната фрагментација што го ограничија потенцијалот за раст на регионот.

Препораки за неопходно реструктурирање на Европа

– Европа има огромен, моќен пазар, а и компании што се големи и глобално присутни. Европа го има тоа, но сè помалку – рече извршниот директор на Џеј-пи морган, Џејми Дајмон, споредувајќи ја американската корпоративна доминација со намаленото присуство на европските компании.
Но шефот на Џеј-пи Морган нагласи дека „спасот на Европа лежи во завршувањето на интеграцијата на внатрешниот пазар“.
– Сè треба да биде единствен пазар – рече тој, повикувајќи на „заеднички банки, заеднички закони за објавување, заеднички берзи, заеднички закони за транспарентност, политики за климатски промени“.
Предлозите на извршниот директор на Џеј-пи Морган, Џејми Дајмон, во еден голем дел се совпаѓаат со извештајот за конкурентност на поранешниот претседател на Европската централна банка, Марио Драги, од 2024 година, во кој се бараат 800 милијарди евра годишни инвестиции за да се одржи чекор со глобалните конкуренти!

Пазарите ги потценуваат ризиците од царините и инфлацијата

Надвор од структурните предизвици на Европа, извршниот директор на Џеј-пи Морган, Џејми Дајмон, предупреди на т.н. поширока економска самодоволност. Тој ги критикуваше финансиските пазари за потценување на влијанието на најновите закани за царини на претседателот Трамп, вклучувајќи ја царината од 50 отсто за бразилскиот увоз и бакар и можните царини од 200 отсто за фармацевтските производи.
– За жал, мислам дека на пазарот владее самозадоволство – рече Дајмон, истакнувајќи дека инвеститорите станале „малку десензибилизирани“ кон најавите за царини и покрај нивниот инфлациски потенцијал.
Извршниот директор на Џеј-пи морган, Џејми Дајмон, смета дека шансите за зголемување на каматните стапки од страна на Федералните резерви се значително поголеми од пазарните процени.
– Пазарот ја проценува веројатноста за зголемување на 20 отсто, јас би ја проценил на 40-50 отсто. Тоа треба да биде причина за загриженост! – забележа тој

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Преговорите со коалициските партнери се во тек и се движат во одлична насока

Следно

Бум во градежништвото: во мај издадени 80 % повеќе дозволи за градба

Latest from Blog

Средношколци откриени дека користеле вештачка интелигенција за полагање државна матура

Со иста реченица на иста тема, ги издаде средношколците кои најверојатно користеле вештачка интелигенција на полагањето државна матура. Биле откриени кога биле прегледани нивните тестови. Доколку се знае дека темите и насоките

Далиќ има договор со ОАЕ за 5 милиони евра годишно

фото: MugFPL @PandaNoComply (X) Како што пренесуваат медиумите во Хрватска, поранешниот селектор на хрватската репрезентација се сели во Обединетите Арапски Емирати. Без оглед на интересот на Саудиска Арабија и Јужна Кореја, Далиќ

Поддршка за МАРОКО ДА ГИ ЗАЗЕМЕ ШПАНСКИТЕ ЕНКЛАВИ НА НЕГОВА ТЕРИТОРИЈА

Новиот бран мигранти што ги погоди шпанските енклави Сеута и Мелиља минатата недела го отвори повторно прашањето за безбедноста на тие територии и ги зголеми загриженостите на Мадрид во врска со долгогодишните

Божиновска: Имаме добра хидролошка состојба, акумулациите се на 70 проценти

Министерката за енергетика Сања Божиновска соопшти дека домашните акумулации во моментов се исполнети околу 70 проценти, што, како што истакна, овозможува сигурно управување со расположливиот хидропотенцијал и стабилно функционирање на електроенергетскиот систем.
Go toTop