Дачиќ со нов наратив кон Русија и најава за можно воведување санкции, оценуваат регионални медиуми

January 26, 2023
2 mins read

„Доколку нешто се промени на штета на интересите на Србија, тогаш и нашата одлука ќе биде приспособена на тоа бидејќи секогаш ќе оценуваме која е најдобрата одлука за нашата економија, за нашиот углед во светот и за граѓаните на Србија“, вели шефот на српската дипломатија во интервју за „Еурактив Србија“

Дел од регионалните медиуми во реториката на српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, како и на премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, препознаваат знаци за можен пресврт во еден од најцврстите надворешнополитики ставови на Белград, а кој се однесува на воведувањето санкции кон Русија поради војната во Украина.

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, вели дека Белград се раководи пред сè од проценката што е во нејзин најдобар интерес/Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

И покрај многубројните критики од меѓународната заедница, пред сè САД и ЕУ по ова прашање, во одговорите на Дачиќ во интервју за „Еурактив Србија“ првпат навестува дека Белград може да го промени курсот и да воведе санкции кон Русија, што е едно од клучните барања на ЕУ за напредок на земјата во преговорите за членство во ЕУ, пишува регионалниот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ).

Во ексклузивното интервју за „Еурактив Србија“, Дачиќ рече дека Србија, која е кандидат за ЕУ ​​од 2012 година, се раководи пред сè од проценката за тоа што е во нејзин најдобар интерес.

„Го осудуваме нарушувањето на територијалниот интегритет на Украина и така гласавме во меѓународните тела. Дали ќе воведеме санкции кон Русија, е друго прашање. Тоа не е прашање на време или рокови, тоа е прашање што се однесува на нашите политички и економски интереси“,

вели тој во интервјуто.

Инаку, српскиот претседател Александар Вучиќ остро се спротивставува на воведувањето санкции на Москва поради нејзината инвазија на Украина, често нагласувајќи дека Србија ја увезува целата своја нафта и гас од Русија, но е под зголемен притисок од Западот да ја промени својата позиција.

Во октомври тој го претстави планот од 12 милијарди евра за инвестирање во енергетската инфраструктура во текот на шест години за да се диверзифицираат и обезбедат енергетските резерви.

Дачиќ за „Еурактив Србија“ вели дека од руската анексија на Крим во 2014 година, Србија не се приклучи на западните санкции „бидејќи проценивме дека тоа нема да биде во наш интерес“.

„Доколку нешто се промени на штета на интересите на Србија, тогаш и нашата одлука ќе биде приспособена на тоа бидејќи секогаш ќе оценуваме која е најдобрата одлука за нашата економија, за нашиот углед во светот и за граѓаните на Србија“,

вели Дачиќ.

Како друг знак дека наративот за Русија, која се смета за традиционален сојузник на Србија, може да се помести, медиумите го лоцираат кај српската премиерка Ана Брнабиќ, која присуствуваше на отворањето на „Еурактив Србија“ во Белград вчеравечер и зборуваше за „руска агресија кон Украина“.

Ова е формулација која Србија досега не ја користела. Таа, исто така, ја пофали ЕУ како најголем инвеститор и донатор во Србија.

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, првпат ја употреби формулацијата „руска агресија врз Украина“/Фото: Архива

Дачиќ го прогласи членството во ЕУ за „приоритет на Србија“, но ја критикуваше ЕУ за одложување на проширувањето.

„Тој наратив што често го слушаме, дека Балканот би можел да создаде нови проблеми доколку е во ЕУ, е повеќе изговор бидејќи ЕУ забележа намалување на апетитот за проширување. Тоа е прашање што не носи гласови за европските политичари и затоа тоа го маргинализираат“,

изјави министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Скопје ќе биде домаќин на елитен таеквондо турнир

Следно

Француската министерка Колона во посета на Одеса

Latest from Blog

САД се стремат кон целосно уривање на Меѓународниот кривичен суд

Администрацијата на Трамп подготви пакет санкции што за прв пат би го вклучил целиот Меѓународен кривичен суд како институција, а не само неговите поединечни судии и обвинители. Два извори запознаени со подготовките

Претседателот на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, оствари средби со претставници на ФУЕН

Претседателот на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, учествуваше на 70. Конгрес на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), кој се одржа од 17 до 20 септември 2026 година во Хелсинки, Финска. На

Пантелеон ГС Скопје во Њујорк беше ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Њујорк, 21 септември 2026 – Македонската компанија Пантелеон ГС Скопје беше ко-домаќин на деловна средба на Бизнис советот за меѓународно разбирање (BCIU), одржана во престижниот Yale Club во срцето на Њујорк. Настанот

„Единствена Русија“ на Путун со убедлива победа на изборите

Со пребројани над 71 отсто од гласовите, како што објавуваат руските новински агенции, Единствна Русија освоила 57,5 отсто, Комунистичката партија и Националистичката либерално демократска партија имале 14 и 8,7 отсто од гласовите..
Go toTop