ДА СИ ГИ НЕГУВАМЕ КОРЕНИТЕ, КАЖА ТРПЧЕСКИ НА КОНЦЕРТОТ ВО РОДНОТО СЕЛО НА МАЈКА МУ СЕКИРНИК, СТРУМИЧКО

August 27, 2023
1 min read

Треба да ги негуваме своите корени кажа Симон Трпчески кој со проектот „Македонисимо“ во саботата одржа концерт во Секирник, Струмичко, родното село на мајка му Нетка.

Околу два часа посетителите уживаа во концертот на Трпчески. Дворот на училиштето во родното село на мајка му беше претесен за жителите на Секирник, но и за гостите од подалеку, кои дојдоа да ги слушаат транскрипциите на македонската традиционална музика во поинаков аранжман од Панде Шахов во соработка токму со Трпчески.

Со реализацијата на овој концерт, како што кажа пијанистот, му се исполни желбата да го престави „Македонисимо“ во селата од каде потекнуваат неговите родители и места кои се извор на македонската музика.

Тој лани „Македонисимо“ го престави во родното село на тако му струшко Збажди, на планината Караорман.

Дворот на училиштето беше претесен за жителите на Секирник, но и за гостите од пошироко кои дојдоа да ги слушаат Трпчески. (Фото: СДК.МК)

,,Овој концерт беше моја дамнешна желба. Еден ваков проект кој укажува на длабоките корени на македонскиот народ, мислам дека нема поосоодветно место отколку да се свири во села, од каде се раѓа сета енергија и целото богатство. Секирник и струмичката околија имаат исклучително важно место во историјата на Македонија и буди огромни чувства кај мене и сите колеги од пректот „Македонисимо“. Овој проект ги отсликува традицијата, корените на нашата држава и нашиот народ, бидејќи имаме со што да се гордееме и да не се плашиме да го покажеме во светот“, кажа Трпчески во Секирник.

Трпчески  беше пречекан со традиционална погача во Домот на културата. Младите се облекоа во народна носии за неговото доаѓање, додека од страна на русалиите во ова населено место му беше доделана „к’лчка“, реквизит при изведба на русалиските ора.

Концертот во Секирник беше дел од манифестацијата “Босилово културно лето 2023 “ во организација на Општина Босилово. Градоначалникот на Босилово Ристо Манчев рече дека со вакви концерти се будаат селата и животот во нив.

,,Трпчески ја покажа неговата љубов кон македонската песна, неговиот однос кон своите корени, семејството, својот народ. Тој ги импресионира младите од овој регион дека со многу работа и со талент може да се постигне многу, независно кој си и од каде си“, рече градоначалникот Манчев.

Со концертот во Секирник, Симон Трпчески со „Македонисимо“ ја започнува балканската турнеја во која се планирани настапи во Хрватска, Србија, Словенија, Црна Гора и Романија.

В. ТРАЈКОВ

 

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Премиерот Ковачевски на средба со дијаспората во Словенија: Нашата дијаспора придонесува за афирмација на Северна Македонија на различни полиња

Следно

Челси го потврди трансферот на новиот голман од Србија

Latest from Blog

Европски социјалдемократи: Ние сме со демонстрантите во Србија кои протестираат веќе една година

„Српскиот народ има право да живее во демократска земја каде што се почитуваат демократијата и владеењето на правото, каде што службените лица се одговорни за своите постапки“, напишаа европските социјалдемократи денеска на

Тековно се спроведува гласањето на болните и немоќните, осудените лица и сместените во домот за стари лица во Куманово

Тековно се спроведува гласањето на болните и немоќни лица во Куманово, на корисниците на услугите во Домот за стари лица „Зафир Сајто“ и на осудените во казнено-поправната установа Куманово, соопштија денеска од

Кој и зошто и подметна БУГАРСКО ЗНАМЕ на Цеца на концеротот во Велес?

Концертот на српската пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ, што се одржа вчера во спортската сала „Гемиџии“ во Велес, заврши со инцидент кој предизвика бурни реакции во публиката. За време на настапот Цеца во
Go toTop