Да се укине амнестијата за хашките случаи во Македонија, препорачува комесарката за човекови права на Советот на Европа

February 10, 2024
1 min read

Да се поништи амнестијата за Хашките случаи во Макеоднија од 2012 година и да се истражат досиејата кои што беа трансферирани од Хашкиот трибунал на домашните судови, побара во писмо до македонската влада, Комесарката за човекови права на Советот на Европа Дуња Мијатовиќ.

Се работи за четирите хашки случаи „Водство на ОНА“, „Липковска брана“, „Гробница Непроштено“ и „Мавровски работници“. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ во 2012 година со гласање за автентично толкување на Законот за амнестија од 2002 година одлучија да престане кривичното гонење на одговорните за четирите случаи.

Мијатовиќ ги споделува клучните наоди и препораки од нејзиниот неодамнешен извештај „Справување со минатото за подобра иднина: Постигнување правда, мир и социјална кохезија во регионот на поранешна Југославија“. Во своите писма до премиерите на земјите-членки на Советот на Европа во регионот на поранешна Југославија, таа препорачува да се преземат конкретни чекори за справување со насилното минато и поодлучно движење кон социјална кохезија, правда и помирување.

– Да се ​​укине автентичното толкување од 2012 година на Законот за амнестија од 2002 година и да се истражат досиејата кои беа пренесени од страна на Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија до домашните судови, потоа реформа на образовниот систем во насока на интегрирано образование за децата од различни етничките групи да делат заеднички часови, притоа зачувувајќи го своето право да учат на својот мајчин јазик, како и тоа да им се овозможи на младите луѓе да научат за конфликтот од 2001 година на објективен начин што дозволува повеќекратни перспективи, со осуда на сите злосторства и промоција на толеранција и отвореност, препорачува Мијатовиќ.

На македонскиот премиер таа му препорачува и одлучно да се осудат случаите на говор на омраза и меѓуетнички насилни инциденти, а да се промовира помирување и социјална кохезија меѓу различните етнички и религиозни групи. На крајот Мијатовиќ препорачува ратификување на Меѓународната конвенција на ОН за заштита на сите лица од присилно исчезнување.

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сончево и топло, од утре дожд

Следно

Познат датумот кога се враќа Рафаел Надал

Latest from Blog

Нови апсења во Турција: Функционери на Галатасарај и Ејупспор зад решетки

Нема крај на операцијата за сузбивање на нелегалното обложување во турксиот фудбал. Медиумите од таму јавуваат дека последно се уапсени уште 29 лица во рамките на големата истрага односно афера за нелегално

Руте: ЕУ не треба да стане целосно независна од САД во одбраната

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, смета дека Европската Унија не треба да стане целосно независна од САД во одбраната, и покрај ставот што го зазеде администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп

Тоштовски за новите полициски автомобили: Ова е прва ваква набавка по повеќе од 15, возила се целосно опремени со најсовремена технологија

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски днеска при презентацијата на новите полициски возила изјави дека ова е прва ваква набавка по повеќе од петнаесет години и дека новите возила се целосно опремени

Голо Брдо на разгледница: нов придонес во промоцијата на македонската култура во Албанија

Излезе од печат првата разгледница „Поздрав од Голо Брдо“ за првпат изработена во Република Албанија и посветена на областа Голо Брдо, содржи 15 фотографии од селата во овој крај значаен придонес во
Go toTop