„Да не беше храброста и одлучноста на палестинските новинари не би ги разбрале размерите на трагедијата во Газа“

May 4, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Генералниот комесар на Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА), Филип Лазарини, ја пофали храброста на новинарите кои посветено известуваат за израелските напади на Појасот Газа, известува Анадолу.

Лазарини упати порака по повод 3. мај – Светскиот ден на слободата на медиумите.

Тој истакна дека Газа е место каде во судирите досега животот го загубиле најмногу новинари во светот.

„Има и многу повредени новинари, вклучувајќи го и фоторепортерот на УНРВА, Абдула, кој остана без нога во израелски напад во северниот дел на Појасот Газа. Да не беше храброста и одлучноста на палестинските новинари, не би ги разбрале и сфатиле размерите на трагедијата во Газа“, рече Лазарини.

Според податоците на Канцеларијата за медиуми на Владата во Газа, во нападите на израелската војска на Појасот Газа од 7. октомври 2023 година досега се убиени најмалку 141 новинар, 70 се повредени, а десетици се приведени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Партиски „реформи“ – Граѓаните акционери и инспектори во државни компании

Следно

Хамас тврди дека негова делегацијата оди во Каиро за да разговара за примирје во Газа

Latest from Blog

Мечки влегуваат во дворови во Русија: 16 лица загинаа за еден месец

Најтешко погоден е огромниот регион Краснојарск во централен Сибир, каде што оваа година седум лица ги загубиле животите во напади од мечки. Руското Министерство за природни ресурси и животна средина наведува дека

СЕРИОЗНО Е ВО ФРАНЦИЈА! – ПЛАМЕНОФРЛАЧИ НА УЛИЦИТЕ, има повредени

За време на протестот на средношколци во градот Тур во централна Франција, 16-годишно момче претрпело сериозна повреда на окото од гумен куршум, објави градската обвинителка Катрин Сорита-Минар, пренесуваат медиумите. Во соопштението се

Пријателскиот меч помеѓу македонските и шкотските навивачи мораше да биде прекинат – поради тепачка (Видео)

Пријателскиот меч помеѓу македонските и шкотските навивачи, кој традиционално се игра пред секој дуел на Македонија и Шкотска, попладнево беше прекинат. Мечот на стадионот „Алумина“ беше прекинат откако полицијата мораше да интервенира
Go toTop