Чупеска: Потребни се реформи, а не политички деспотизам со упад во судството 

March 15, 2025
1 min read

Забелешката на секој нормален граѓанин во земјава е дека нешто длабоко со судството не е во ред и дека се потребни реформи. И за мене лично, и на ниво на партија. Но, ова што го направи власта, со интерпелацијата, е многу опасна работа, затоа што е вонуставно и вонзаконски спроведена и е школски пример за мешање на извршната власт во судската власт, со нејзиното мнозинство во Собранието, рече потпретседателката на СДСМ, Ана Чупеска, на гостувањето во емисијата „Трилинг“.

– Дали во ВМРО-ДПМНЕ воопшто се свесни што значи институтот интерпелација и за кого е наменет? И дали свесно ги заобиколуваат законските можности и облигации за разрешување на членовите според законот? Што значи тоа, дека утре ако му текне на мнозинството да ги разрешуваат уставните судии тоа ќе го направат?, рече Чупеска.

Таа потенцираше дека  власта прави упад во правосудството, а  обидот на мала врата да се смени составот на Судскиот совет е гест на политички деспотизам.

– Дали со заплашувањето, јавниот линч и  сатанизација од пратеници врз судии и конкретни предмети се постигнува реформа во судството?  Не. На тој начин не можат да се направат ни реформи, рече Чупеска.

Чупеска потенцираше и  дека ако се сака да се направи суштинска реформа, мора да се има темелен пристап.

-Ништо нема да се направи со разрешување на петте членови коишто имаат своја, ваква или онаква историја. Значи тука воопшто не станува збор за бранење на поединечни членови. Ние го браниме уставниот принцип за поделба на власта на законодавна, извршна и Судска, рече Чупеска.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Андоновски и Јорданов го означија почетокот со работа на новиот Центар за услуги во Штип

Следно

МИ РЕКОА ДЕКА НЕМА ДА БИДАМ ДОБРА БАЛЕРИНА И ТОА МЕ БУТКАШЕ НАПРЕД – ПОДКАСТ СО САША ЕВТИМОВА

Latest from Blog

Плусинфо: Дивите реновирања во последната година главна причина за трагедијата во Кочани

Трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“ секојдневно се разоткрива пред очите на јавноста, како комплексен мозаик од технички хаос и човечко страдање, каде секое ново рочиште дополнително ја зацврстува тезата дека вистинските причини

САД ги повикаа своите државјани да го напуштат Иран

Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека американските државјани во Иран се соочуваат со „висок ризик од незаконско притворање, долготраен притвор, измачување и во некои случаи и смртна казна“. Исто така,

Јаневска: Изработивме нова законска регулатива за поквалитетно високо образование и развој на науката

Со поддршка од над 60 професори, засегнати институции и установи, претставници на студентите, стручни лица и експерти, Министерството за образование и наука подготви нова законска регулатива за високо образование и наука, од

Луксузен хотел во Кран-Монтана затворен поради пропусти во противпожарната заштита

Швајцарските власти донесоа одлука да затворат луксузен хотел со пет ѕвезди во ски-центарот Кран-Монтана, откако биле утврдени сериозни проблеми со противпожарната безбедност. Одлуката следува само неколку недели по трагичниот пожар во бар
Go toTop