Чудо во Туркије: Од под урнатините спасено шестмесечно бебе 82 часа по земјотресите

1 min read

АДИЈАМАН (АА) – Шестмесечно бебе е спасено од под урнатините во Адијаман, 82 часа откако разорни земјотреси во понеделникот ги потресоа јужните области на Туркије, известува „Анадолу“.

Припадниците на спасувачките тимови од турскиот град Орду, вложувајќи големи напори, успеаја од под урнатините да извлечат шестмесечно бебе. Бебето по извлекувањето е префрлено во болница.

Гувернерот Тунџај Сонел на својот профил на социјалните мрежи ја изрази својата радост по повод спасувањето на бебето.

„Господ нека ни помогне. Важно е да се држиме заедно по катастрофата“, објави Сонел.

„Најмалку 14.351 лице загинаа, а 63.794 се повредени во двата силни земјотреси што во понеделникот ја потресоа јужна Туркије“, изјави денеска турскиот потпретседател Фуат Октај.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

Посета дневен центар за престој на деца во ризик во Шуто Оризари 09.2.2023

Следно

Двајца насилници претепале 77-годишен скопјанец

Latest from Blog

Почеста последна умира

Малкумина надвор од Италија знаат дека осум децении по смртта на фашистичкиот диктатор на Италија, тој

Ангеловска-Бежоска: Оцената на ММФ е дека Народната банка е добар пример за транспарентност и отчетност во примената на Кодексот за транспарентност на ММФ

Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска на покана на Регионалниот центар за техничка помош на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ)