Човекот кој проба да го хипнотизира целиот Советски сојуз

August 12, 2023
1 min read

Иако хипнозата има древни корени (египетски свештеници и сл), за татко на модерната хипозна се смета Франц Месмер (1734 – 1815).

Тој верувал во постоење на некоја мистична енергија наречена „анимален магнетизам“ што може да се пренесе од човек на човек. Фино се оженил за една богата вдовица, делувал во Виена каде се вклопил во елитното друштво, бил мецена на младиот Моцарт… (повеќе за тоа види во: Слепата пијанистка за која Моцарт напишал концерт).

Доаѓаме до Анатолиј Михајлович Кашпировски. Психијатар родум од Украина кој работел со извонредно успешниот тим на советски дигачи на тегови кои имаат усвоено 10 златни медали на Светскиот шампионат во 1987 година.

Две години подоцна, кога Советскиот сојуз почнува да се распаѓа, Кашпировски се појавува на руската телевизија во обид да ја хипнотизира цела нација и да го сопре распадот. На музика од виолини и посебна сценографија, тврдел дека може да го излечи народот од разни болести и во време на голема неизвесност, да создаде чувство на сенационална стоичка смиреност. Во неговиот најавен ТВ подвиг се вклучиле фасцинантни 87% од вкупната руска телевизиска публика.

Негде утнал. Во ургентните одделенија на руските  болници, веднаш бил регистриран наплив од луѓе кои доаѓале жалејќи се на кардиоваскуларни проблеми и вознемиреност.

Но експериментот не бил 100% бадијала. Користејќи ја популарноста која му ја донела настанот, Кашпировски во 1993 година успева да  стане пратеник во Думата, од редовите на Либерално-демократската партија.  

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Поетската манифестација „Поетско Маркукуле“ во Прилеп по 16. пат

Следно

Аријанит Хоџа денеска ја основа Европска демократска партија

Latest from Blog

ПОЖАРОТ НА КРИТ Е НАДВОР ОД КОНТРОЛА: Изгорени се куќи, хотелите се загрозени, луѓе евакуирани со чамци (ВИДЕО)

Пожарот што избувна во попладневните часови во среда (2 јули) во земјоделско-шумарска област, во градот Ахља во областа Ласити на Крит, избувна. Малку пред 20:30 часот, од бројот 112 е испратена нова

Во Собранието ќе заседаваат две комисии

Во Собранието денеска ќе заседаваат две комисии – Комисијата за култура и туризам и Законодавно правната комисија. Пред членовите на Комисијата за култура и туризам се Предлог законот за изменување и дополнување

Марк Ферстапен се сели во Мерцедес?

Четирикратниот последователен шампион во Формула 1, Макс Ферстапен, наводно одлучил да го напушти Ред Бул. Како што објави „Скај Италија“, Холанѓанецот ја прифатил понудата на Тото Волф да се пресели во Мерцедес.

Во неколку израелски напади низ Појасот Газа убиени 23 Палестинци

АНКАРА (АА) – Најмалку 23 Палестинци се убиени, а десетици се повредени рано утринава во серија израелски напади низ Појасот Газа, според палестински извори, јавува Анадолу. Израелски воени авиони го бомбардираа училиштето

Температури над 40 во Македонија – ИЈЗ со препораки за граѓаните

Лицата над 65 години или старите лица се посклони кон здравствени проблеми поврзани со топлината. Согласно националните и меѓународните препораки, старите лица се категоризирани како т.н. „ризична категорија“. Зошто? Бидејќи потешко се прилагодуваат
Go toTop