„ЧОВЕКОТ КОЈ НЕ МОЖЕШЕ ДА МОЛЧИ“ НА НЕБОЈША СЛИЈЕПЧЕВИЌ Е ПРВИОТ ХРВАТСКИ ФИЛМ КОЈ ОСВОИ ЗЛАТНА ПАЛМА ВО КАН

May 26, 2024
1 min read

Човекот кој не можеше да молчи“ на режисерот и сценарист Небојша Слијепчевиќ стана првиот хрватски филм кој освоил Златна палма на Канскиот фестивал. Овој филм победи во конкуренција на најдобри краткометражни филмови.

Филмот е снимен во копродукција со Бугарија, Франција и Словенија, а во актерската екипа се Горан Богдан, Алексис Маненти и Драган Миќановиќ.

Заснован врз вистински настан, дејството се случува во 1993 година на малата железничка станица во Штрпце, БиХ, кога паравоени сили запираат патнички воз на релацијата Белград-Бар. Додека одведуваат невини цивили, само еден од 500 патници им се спротивставува.

Фантастично беше искуството што снимавме со меѓународна екипа. Актерите доаѓаат од многу земји, како Горан Богдан од Хрватска, Алексис Маненти од Франција и Драган Миќановиќ од Србија, кои сите се многу букирани. Подобро не можеше да биде“, изјави Слијепчевиќ.

Претходно, само уште еден хрватски филм беше во главната натпреварувачка програма во Кан, „Чао мама“ на Горан Одворчиќ во 2009.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Слики на преглед!

Следно

Египетски Ал Ахли по 12 пат првак на Африка

Latest from Blog

Усвоена Стратегијата за образование 2026-2032

Министерството за образование и наука информира дека е усвоена новата  Стратегија за образование 2026-2032 и Акцискиот план за нејзина имплементација. -Стратегијата во изминатите неколку месеци е изработена преку широка дискусија, со учество на бројни
Go toTop