Членовите на 28. состав на турското Собрание положија заклетва

June 3, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Членовите на новиот 28. состав на Големото народно собрание на Република Туркије (ТБММ) синоќа ја положија свечената заклетва и ги презедоа мандатите, а на почетокот на церемонијата присуствуваше и претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, известува Анадолу.

Парламентарните избори во Туркије се одржаа на 14 мај, а Врховната изборна комисија пред три дена и официјално ги објави конечните резултати од изборите.

Лидерот на партијата на национално движење (МХП), Девлет Бахчели (75), претседаваше со седницата како најстар пратеник во Парламентот. Присутните во салата му оддадоа почит на основачот на Републиката, Кемал Ататурк, а прв заклетва положи Бахчели.

Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, присуствуваше на првиот дел од свечената седница, а полагањето заклетви траеше со часови.

Победник на изборите што се одржаа на 14 мај е Партијата за правда и развој (АК партија), чиј лидер е Ердоган, освојувајќи вкупно 268 места во Парламентот.

Партијата на национално движење (МХП), коалицискиот партнер на АК Партијата, освои 50 места, а Партијата на повторна благосостојба (YRP) освои 5 пратенички места, обезбедувајќи заедничко мнозинство од 323 места во турскиот Парламент, кој го сочинуваат 600 пратеници.

Со 169 пратеници, Републиканската народна партија (ЏХП), заедно со нејзиниот коалициски партнер Партијата ИЈИ (IYI), обезбедија вкупно 212 места во Парламентот, претставувајќи ја главната опозициска Национална алијанса.

Останатите 65 места во Парламентот ги освои Алијансата за труд и слобода, составена од Партијата на зелената левица со 61 место и Работничката партија на Туркије со четири пратенички места.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

288 луѓе загинаа во железничка несреќа во Индија

Следно

Македонскиот јазик ќе се изучува на додипломските студии на Универзитетот во Вроцлав

Latest from Blog

„Потребни се факти, а не генерализации“: Грозданов со порака до Филипче

Металуршкиот инженер Виктор Грозданов упати остри критики до претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по неговите изјави за отворањето нови рудници и можните последици врз здравјето на граѓаните и животната средина. Во авторски

ВИДЕО | ТРАМП МУ ПОДАРИ НА СИ БЕЛОГЛАВ ОРЕЛ: Што испраќа како порака моќниот симбол на САД?

Американскиот претседател Доналд Трамп му подари на кинескиот претседател Си Џинпинг скулптура на белоглав орел – птица карактеристична за Северна Америка и национален симбол на САД – за време на раскошната државна

Меџити: Да ја зајакнеме врската со САД и влијанието на албанската дијаспора

Градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на политичката партија ВЛЕН, Изет Меџити, присуствуваше на Гала-вечерта на Советот за албанско-американски односи во Њујорк, посветена на зајакнувањето на врските меѓу албанската заедница и САД.
Go toTop